X
 04.11.2016 Живот

Времето во Македонија во наредните пет дена

Денес е петок, 4 ноември 2016 година, 309-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:04, а ќе зајде во 16:28 часот. Денот ќе трае 10 часа и 24 минути. Врнежите од дожд кои синоќа започнаа, продолжија во текот на ноќта четврток кон петок, и денес во раните часови веќе престануваат. Во најголем дел од Македонија имаме претежно облачно и понекаде магловито утро.

МАКЕДОНИЈА – Во утринските часови постојат услови за појава на магла, која понекаде ќе се задржи и во претпладневните часови. Во текот на денот ќе биде умерено облачно време со повремени и кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб југоисточен и југозападен ветер. Утринските температури во пораст и ќе се движат од 2 до 9 степени, додека пак максималните дневни температури ќе бележат благо опаѓање и ќе бидат во интервал од 9 до 17 степени.

СКОПЈЕ - Во Скопје умерено облачно време со услови за кратки сончеви периоди. Слаб јужен и југозападен ветер. Утринската температура од 5 степени, а максималната дневна до 13 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во наредните денови следува умерено облачно време со повремени сончеви периоди и невообичаено топло за овој период од годината. Во сабота утринските температури од 1 до 7 степени, а пак максималните дневни од 13 до 21 степени. Во недела и понеделник умерено облачно време со сончеви периоди и максимални температури кои ќе се движат од 16 до 23 степени. Во вторник дестабилизација на времето и период на нестабилно време со врнежи од дожд и пад на температирите кои ќе достигнат до 12 односно до 19 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот