X
 05.11.2016 Образование

Чедомир Чупиќ: "Во мое време, наставниците и професорите беа вистински господа"

Професорот Чедомир Чупиќ, за кој студентите ги знаат и помалку важните детали: дека на факултет доаѓа со јавен градски превоз или дека најмногу сака чај од нане и камилица, го даде последното проштално интервју за магазинот „Оригинал“ во кое зборуваше за студентите и професорите, моралниот живот, одлуката да не се појавува во медиумите, како ја доживува пензијата и што ќе прави кога ќе „виси неговата професорска торба на клинец".

Чупиќ на Факултетот за политички науки во Белград овие дена ги држи последните свои предавања по предметот социологија, политичка антропологија и медиумска етика, затоа што тој заминува во пензија.


Чедомир Чупиќ


„Претходните генерации беа во големи материјални тешкотии, која ја надоместуваа со читање. Поголемиот дел од времето тие го поминуваа во читање и учење во библиотеките. Она што ме радува е што во секоја генерација постојат големи читатели кои негуваат посебен однос со книгата. На секоја генерација и кажувам да внимава на фото-копии, а книгите да ги носат покрај срцето, за да може да ги грејат. Мислам дека во односот спрема книгата е разликата меѓу минатите и сегашните генерации“.

„А многу читање значи големо инвестирање во себе. На овој начин создавате огромен внатрешен резервоар на знаење со кое подоцна лесно може да се служите и да се ориентирате, особено во време на криза, но исто така и во професионалните ситуации, а притоа може да видите и разберете пошироко и подлабоко од другите. Меѓутоа оваа генерација, поседува некои знаења и можности што ние ги имавме како генерација, пред се мислам на контактите со светот".

„Професорите треба да бидат најпочитуваните луѓе и да заработуваат доволно за пристоен живот. Сепак, тие се третираат како државни службеници и се доведени до работ на опстанокот, особено во малите средини. Во мое време, наставниците и професорите беа вистински господа, почнувајќи од тоа како се облекуваа, преку хигиената и големото расположение кои ни го пренесуваа нас. Во сите професори гледав како на катедрала!

Но, тие беа и многу строги. Јас и денес сонувам како професорката по латински ме испитува, па се будам утрото и мислам за себе: Каков шарлатан, универзитетски професор, а не знае наставки во трет падеж“.

Чупиќ истакнал дека непојавувањето во медиумите не е последица на негова одлука. „Моето непојавување во медиумите произлегува од тоа дека она што јас би го кажал би било опасно за некого“- истакнал тој. 
Save
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование