X
 05.11.2016 Живот

Кога ќе ги дознаеме резултатите од претседателските избори во Америка?

   
Резултати од изборниот процес во Америка

На секои четири години, политичките гикови се собираат пред ТВ-екраните и се посветуваат на целовечерна епска седенка, желни за исходот од претседателските избори во САД.

Расположението е слично како за време на фудбалскиот Мундијал, само малку повозбудливо.

Сепак, не можат сите да издржат будни до раните утрински часови претстојната среда. Но, постои начин да проследат сè што пропуштиле и тоа преку детална анализа по часови, благодарение на некои онлајн портали.

Што се случува на самиот изборен ден во Америка?

Избирачките места ќе бидат отворени во сите 50 држави и во Вашингтон, во шест временски зони.
Временскиот период за гласање е различен во секоја држава – гласањето почнува меѓу шест и седум часот наутро, а завршува меѓу седум и осум часот навечер (во Ајова и Северна Дакота избирачките места се отворени до девет часот навечер). Се очекува на изборите да гласаат 120 милиони Американци.



Кога затвораат гласачките места по држави?

Часовите на мапата се наведени според Источно време, што значи шест саати поназад од македонското време.

Кога ќе бидат објавени резултатите?

Први резултати се очекуваат од селото Диксвил Ноч во Њу Хемпшир, кое се наоѓа на околу 20 километри од канадската граница и е познато како место кое прво ги објавува резултатите, најчесто 24 часа пред другите сојузни држави. Имено, жителите на Диксвил со право на глас се собираат во еден ски-ресорт точно на полноќ на изборниот ден, каде неофицијално гласаат, а резултатите ги соопштуваат по една минута откако сите регистрирани гласачи ќе го остварат своето право.  

Генерално, не е лесно да се предвиди точното време на прогласување на победникот, бидејќи зависи од тоа како ќе гласаат неопределените држави. Доколку Флорида одлучно гласа за Клинтон, би можеле многу рано да го добиеме крајниот резултат. Во спротивно, би имале долга ноќ. Резултатите вообичаено се објавуваат околу 4 и 5 часот наутро.

Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот