X
 05.11.2016 Живот

Необичен базен на дното на Мексиканскиот Залив: Секое суштество што доаѓа во негова близина умира

Во езерото се таложат токсични хемикалии, како што се метан и водород сулфид

На дното на Мексиканскиот Залив е откриено солено езеро со многу висока густина, во кое солта се таложи заедно со метан. Наречен „Jacuzzi of Despair“, овој голем базен со солена вода се наоѓа на дното на заливот, а го убива секое суштество што доаѓа во негова близина во потрага по храна, пишува Seeker.


Мексикански Залив


Езерото се наоѓа во длабочина од околу еден километар од површината на морето, со дијаметар од околу 30 метри и длабочина од околу 3.5 метри. Водата во него е за четири или пет пати посолена од морето што го опкружува.

Насекаде лешови на ракови и риби

Морската вода во езерото е толку солена, што на дното било создадено подводен котел од токсични хемикалии, вклучувајќи метан и водород сулфид, но не се меша со околната вода. Насекаде наоколу може да се видат лешови од  морски животни, како што се ракови и риби.

Морскиот живот во областа околу езерото е доста богат, но животните кои ја преминуваат границата и влегуваат во езерото поради токсичните смеси набрзо умираат. Температурата на водата во езерото е околу 18 Целзиусови степени, односно повеќе од четири степени колку што е температурата на околното море. Езерото е поврзано со река, која тече над морското дно.

Животните услови слични на оние на другите планети

„Ова е една од најчудесните неверојатни нешта кои постојат во длабоко море. Одите на дното на океанот и одеднаш здогледувате езеро и река. Имате чувство дека не се наоѓате во овој свет“ објаснува Ерик Кордес, професор по биологија на универзитетот Темпл, кој заедно со колегите го откриле езерото и ги објавиле наодите во научното списание „Oceanography“.-

Дознајте повеќе од видеото:


Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот