X
 05.11.2016 Технологија

Влијанието на пишувањето пораки врз мозокот

Паметните телефони придонесуваат многу лесно и брзо пораките да стигнат онаму каде што сакаме без да се користи говор. Тие заедно со интернетот драстично го променија начинот на комуницирање меѓу луѓето. Но, ова повлекува и нешто друго.

пишување порака


Пишувањето пораки
го менува и мозокот. Некои научници откриле дека додека се пишуваат пораки, мозокот работи според поинаков шаблон од оној кога се извршува друга активност.

Процесот на мозокот

Иако се случува само привремено, мозокот се менува кога пишувате пораки, речиси како да сте влегле во еден сосема поинаков начин на мислење. Всушност настанува промена кај мозочните бранови што е карактеристична само за лицата што пишуваат пораки и се вика „ритам на пишување текст“.

Резултати од направени студии

129 луѓе биле испитувани со ЕЕГ уред додека пишувале. Некои од учесниците биле дијагностицирани со епилепсија. За време на тестовите, учесниците требало да извршат одредени задачи, како говор или когнитивни активности. Целта била да се види дали и овие активности ќе се извршуваат со истите шаблони на работа на мозокот како и кај пишувањето пораки.

Кај 27 учесници се забележал поинаков шаблон при пишување - и кај оние со епилепсија и кај другите. Не се знае зошто кај другите учесници недостасувал, иако други реакции се случуваат  кај сите поради изложеноста на светлина и интензивниот ментален фокус. Сѐ уште не се направини студии за да се испита кај кои луѓе е веројатно мозокот да користи различен шаблон кога се пишуваат пораки.

Ова не изгледа опасно, но промената во активноста на мозокот докажува дека пишувањето пораки предизвикува одвлекување на вниманието. Затоа треба да го одбегнувате особено додека извршувате друга активност што го бара целото Ваше внимание и фокус.

Можеби во иднина користењето на технологијата ќе придонесе за некаков поинаков напредок на човештвото, но до тогаш внимавајте кога пораките Ви ја намалуваат продуктивноста.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија