X
 06.11.2016 Наука

Како листовите од спанаќ може да станат детектори за откривање на експлозиви

Листовите можат да детектираат хемиски состојки кои често се користат во експлозиви.


Инжинери на МИТ трансформирале лситови од спанаќ во машини за откривање на бомби, преку кои безжично може да се испраќаат предупредувачки сигнали до рачен уред сличен на паметен телефон.
 
Тие ги вградиле листовите од растението со јаглеродни наноцевки – мали цилиндри од јаглерод кои можат да детектираат хемиски состојки кои се користат во мини и други експлозиви. Кога една од овие состојки ќе се апсорбираат од растението по природен пат, вградените наноцевки емитуваат флуоресцентен сигнал кој може да биде прочитан со инфрацрвена камера. Камерата може да биде прикачена на мал компјутер сличен на смартфон, кој потоа испраќа мејл на корисникот.

Истражувањето, предводено од Мин Хао Вонг, дипломиран студент на МИТ и Хуан Пабло Гиралдо, асистент професор на Уноверзитетот Калифорнија во Риверсајд, објавено е  во „Nature Materials“.

Овие резултати ја отвораат вратата кон употребата на природни растенија и билки за инфрацрвена комуникација, мониторирање на средината како во градовите, објектите со висока безбедност, домовите. За повеќе детали, погледнете го следното видео :

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука