X
 08.11.2016 Живот

Приказната за седумте студентки кои биле во заточеништво во куќа на ИСИС

„Испратив само една СМС порака на мајка ми. Јас сум заробена во куќата со војниците од Исламската држава. Не ми се јавувај"- Монали Атала и нејзините шест цимерки од студентскиот дом, цели осум часа се криеле под креветите во затемнетата куќа. Тоа било за време на битката за заземањето на градот Киркук во Ирак минатиот месец, пишува The Washington Post.

Додека студентките лежеле под тесните кревети, скриени само со тенки платна, милитантите седеле на душеците над нив, без да знаат за нивното присуство. Седум жени ги слушале нивните разговори и ги слушнале како се молат во другите соби. Тие го чувствувале нивното присуство, товарот на телото на врвот на креветот, со мирис на пот и крв.

Двајца војници кои поминале низ собата биле сериозно повредени во жестокиот оружен судир, веднаш пред куќата. Еден од нив бил застрелан во стомакот, а за другиот верувале дека е во ногата. Студентките можеле да слушнат како ранетите мажи тешко дишат.


заточеништво- ИСИС


Моментот кога го допрел нејзиното рамо


Во еден момент, еден од војниците ја сменил положбата на телото, а неговата чизма го дофатила рамото на Атала. „Во тој момент помислив, тоа е тоа"-изјавила таа. Сите седум млади жени во куќата биле христијанки, кои побегнале од Мосул во блискиот град Каракоша пред повеќе од две години, откако Исламската држава го презела владеењето врз регионот.

Ненадејниот напад на Исламската држава над Киркук, кој е богат со нафта, започнал на 21 октомври, во раните утрински часови. Неколку стотици милитанти вооружени со гранати и елеци со динамит, влегле во центарот и го уништувале градот. Неколкуте преостанати ветерани од таа операција сé уште се во бегство.

Студентките живееле на истата улица каде биле најжестоките борби. Снајперистите од Исламската држава зазеле позиција на врвот од околните згради. Милитантите фрлале истрели со гранати од нивниот двор.

Комуницирале со надворешниот свет преку СМС пораки


Околу 500 студенти живееле во куќи во Киркук, кои биле во сопственост на епископијата „Chaldean Catholic“, а студентите биле припадници на различни вери. Кога започнале борбите во Киркук, безбедносните сили побрзале да евакуираат неколку луѓе, додека на другите им рекле да се засолнат во домовите. Било премногу опасно за нив да избегаат, а преголем бил ризикот да бидат спасени. 

Атала рекла дека прво се сокриле во плакарот каде со помош на лаптоп ги полнеле мобилните телефони. Тогаш чуле гласови од надвор, кршење на стакло од кујнската врата, а потоа мажи влегле во куќата. Јаделе и разговарале. Тогаш си заминале. Студентките зграпчиле три ножеви од кујната и се скриле под креветот.

Останале таму додека не побегнале низ дворот и се искачиле над оградата по полноќ, спасени од страна на полицијата. Aтала изјавила дека биле мирни, додека мажите биле во нивната соба, немо се молеле. Една по една батериите од нивните телефони се потрошила. Немало електрична енергија. Постојано се слушале пукотници и експлозии. Тие верувале дека бучавата и темнината ги спасила.

Знаеле дека се во заточеништво, но не можеа да им помогнат

Калуѓерката Јомна, која живее во манастирот, кој се наоѓал преку улицата, изјавила дека ги видела војниците на Исламската држава како ја прескокнуваат оградата и како влегуваат во куќата на студентките. „Се молевме за нив"- рекла таа. Кога ја прашале како се однесувале војниците, додека тие биле во нивната соба, Атала одговорила дека тие биле многу тивки и внимателни и разговарале по телефон.

Војниците не биле во паника, ниту викале гласно. Изгледало како да не се познаваат многу добро, како да се од различни единици. Еден коментирал дека овде сигурно некој проучувал механички инженеринг, бидејќи тој видел книги.

Aтала комуницирала со свештеник кој и напишал да остане мирна и да не излегува од куќата. Таа испратила порака до лицето за безбедност и координаторот на студентското домување, Абу Дурајд. Тој и ветил дека ќе ја спаси.

Членовите на ИСИС влегувале и излегувале од собата. Во еден момент ја затвориле вратата и ја заклучиле, но се вратиле. Кога девојките мислеле дека никој нема во собата, си шепотеле една на друга. Во еден момент Aтала била убедена дека некој од војниците лежи на креветот. Многу нежно ја притиснала раката на душекот во обид да го крени, но никој немало на креветот.

Откако побегнале, куќата експлодирала

Околу полноќ, Абу Дурајд им дал инструкции да ја отворат задната врата на куќата и да избегаат, една по една. Спрема ѕидот. Виделе светло на неговиот мобилен телефон. Полицијата пристигнала. Неколку часа подоцна, во куќата настанала голема експлозија. Абу изјавил дека не е сигурен што точно се случило. Внатре биле пронајдени четири мртви војници. Еден од нив го активирал појасот со динамит, можеби случајно.

Оваа соба, која се наоѓала веднаш до собата каде биле девојките, била целосно уништена, покриена со крв. Архиепископот на Киркук, Јусиф Томас Миркис, преживувањето на студентките го нарекол чудо.
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот