X
 08.11.2016 Наука

Стивен Хокинг: „Поубеден сум од било кога дека не сме сами“

„Поубеден сум од било кога дека не сме сами.“

Кога станува збор за контакт со вонземјани обично се поставуваат прашања од типот „како ќе ги најдеме?“, „каде се?“, „кои акции треба да се преземат ако ги најдеме, или ако не најдат?“ итн.

стивен хокинг


Физичарот Стивен Хокинг вели дека луѓето треба да престанат да се обидуваат да ги контактираат затоа што посегнувањето по напредни цивилизации е ризик за човештвото, а лошата вест е што локацијата на Земјата веќе е емитувана во универзумот со години. Во новиот online филм Stephen Hawking’s Favourite Places тој вели:

„Како што ми одминуваат годините сé поубеден сум дека не сме сами. По цел живот поминат во поставување прашања, помагам во водството на нов глобален напор за откривање. Проектот The Breakthrough Listen ќе ги скенира најблиските ѕвезди за знаци на живот, но јас го знам местото што треба да се истражува. Еден ден би можеле да добиеме сигнал од планета како Gliese 832c, но треба многу да внимаваме при давање на потенцијален повратен сигнал.

The Breakthrough listen проектот е финансиран од руски милјардер и е сериозен обид да се најде интелигентен живот надвор од Земјата со скенирање на најблиските ѕвезди за радио сигнали.

И покрај сите напори кои ги прави, Хокинг отворено ги критикува обидите да се стапи во контакт со друга цивилизација од Универзумот. Имено, тој смета дека оддалечена цивилизација би можела да не види како инфериорни и слаби, но и како одлична можност за да се спротивстави.

„Ако е така, тие би биле во огромна мера помоќни и може да гледаат на нас како на нешто што не е многу вредно, т.е. како што ние гледаме на бактериите,“ вели тој во филмот. Тој често го зема за пример Колумбо и откривањето на Америка за да опише што би се случило со нашиот свет ако понапредна цивилизација дојде до него.

Но, вонземјаните не се единствено нешто што го загрижува. На едно неодамнешно предавање на Универзитетот во Кембриџ тој споменал дека вештачката интелигенција е или најдоброто или најлошото нешто што му се случило на човештвото, а со ова се сложиле и други присутни експерти од оваа област. Вештачката интелигенција има способност да учи сама за себе, што значи дека може да ги надмине човековите способности.

„Луѓето, кои се ограничени од бавна биолошка еволуција, не би можеле да се натпреваруваат, и би биле потиснати.“, рекол Хокинг.

Иако овие предупредувања може на многумина да им се чинат претерани, важно е да се размисли за нив пред да биде доцна, особено затоа што вештачката интелигенција зема замав во светот.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука