X
 10.11.2016 Живот

Кој гласал за Трамп, а кој за Клинтон?

Белите мажи и жени со образование и без. Белите мажи и жени кои имаат повеќе од 50 илјади долари. Вакви се податоците кои покажуваат кој го дал својот глас за контоверзниот претседателски кандидат, сега веќе и претседател на САД, Доналд Трамп.


Спроведени биле анкети кои покажале дека 52 проценти од белите жени, а 63 проценти од белите мажи гласале за него. Додека пак, 80 проценти од Афроамериканците мажи и 93 проценти од Афроамериканките гласале за Хилари Клинтон. Трамповите навредливи коментари за жените кои беа чести во неговата кампања доведоа до мислења кај многумина дека жените нема да бидат негови поддржувачи и ќе го дадат својот глас за Клинтон, но сепак тие ставови се покажаа како погрешни.





Разликата помеѓу мажи и жени кои гласале за Клинтон е 13 проценти. Мажите најмногу го давале својот глас за Трамп и тоа со 12 проценти повеќе од мажите кои го дале својот глас за Клинтон.

Заради навредливите коментари кон Мексиканците од страна на Трамп, бројот на латино гласачи е зголемен во корист на Клинтон. 88 проценти од Афроамериканците го дале својот глас за Демократите и над 50 проценти од Мексиканците исто така.



По сите резултати, Трамп добил најмногу од гласовите од припадниците на белата раса, но интересно е тоа што Трамп добил речиси исто толку гласови од хиспанското население како и Мит Ромни пред четири години. Ист е случајот и со гласачите од црна раса. 

Што се однесува до образованието, оние кои имаат завршено колеџ или постдипломски студии го дале гласот за Клинтон, а само 37 проценти од образованите луѓе гласале за Трамп. Оние со завршено средно образование и некаков колеџ најмногу му дале поддршка на Трамп.



Голем е процентот на младите луѓе на возраст од 18 до 29 години кои го дале гласот за Хилари Клинтон, а истата група зафаќале голем дел од поддржувачите на Обама. И оние на возраст од 30 до 44 години повеќе гласале за Клинтон. Трамп има најмногу гласови од лицата на возраст над 45 години.



Иако Трамп изразуваше голема поддршка за работничката класа, сепак податоците покажуваат дека речиси повеќе од половина од гласачите кои заработуваат под 30 илјади долари годишно, својот глас го дале за Клинтон. Оние пак, кои заработуваат некаде помеѓу 50 илјади и 99 илјади долари годишно гласале за Трамп.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот