X
 10.11.2016 Живот

Прочитајте какво време нѐ очекува овој викенд

Денес е четврток, 10 ноември 2016 година, 315-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:12, а ќе зајде во 16:22 часот. Денот ќе трае 10 часа и 10 минути.

Во Македонија во утринските часови имаме умерено облачно време со повремени сончеви периоди и постудено време со пониски утрински температури, особено во јужните предели каде што е претежно ведро времето.

МАКЕДОНИЈА – Денес во текот на денот не очекува умерено облачно време со сончеви периоди, ветровито и посвежо со пониски дневни температури. Сончевите периоди повеќе ќе ги имаме во утринските и претпладневните часови, а попладне во западните и северозападните предели зголемување на облачноста која што ќе донесе локални врнежи од дожд, а на планините над 1500 метри со врнежи од снег. Ќе дува доумерен слаб југоисточен и југозападен ветер. Утринските температури од 0 до 8 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 6 односно до 17 степени.

СКОПЈЕ - Во Скопје денес не очекува умерено облачно време со повремени сончеви периоди. Слаб јужен ветер. Утринската температура од 4 степени, максималната дневна до 13 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во Македонија во петок умерено облачно време со сончеви периоди и малку потопло со дневни температури од 8 до 19 степени. Во доцните попладневни и во вечерните часови во западните и северозападните предели врнежи од дожд кои во текот на ноќта ќе се прошируваат и во останатите предели. Во сабота претежно облачно време со врнежи од дожд но со послаб интензитет, иако западните и источните предели се очекуваат да наврнат и до 30 литри дожд. Максималните температури од 7 до 18 степени. Во недела и понеделник стабилно време со постудени утра со утрински температури од -3 до 5, односно од -4 до 5 степени. Во текот на денот претежно сончево со локална облачност и максимални температури кои ќе се движат во интервал од 5 до 16 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот