X
 12.11.2016 Култура

Луди закони во САД! Во Индијана забрането е да бакнувате други луѓе доколку имате мустаќи

Во Алабама со закон е забрането носење лажни мустаќи кои можат да предизвикаат смеа кај посетителите во црква... И не е само тоа...

Мапа на САД


Во САД сè уште се во сила многу необични закони, кои, за среќа, не се спроведуваат. Во спротивно, би можеле да завршите во затвор, доколку на пример сте обвинети за криминално дело, затоа што магаре ја поминало ноќта во вашата када?!

Погледнете ја листата на бизарните закони во САД:

Алабама: Забрането е да се носат лажни мустаќи кои предизвикуваат смеа кај посетителите во црква.

Алјаска: Противзаконски е да будите мечка што спие.

Колорадо: Немојте да јавате доколку имате висока температура, би можеле да платите казна!

Флорида: Ако поседувате слон и го врзете на паркинг место, мора да платите ист износ како да сте паркирале возило.

Хаваи: Во овој островски рај забрането е да се ставаат монети во ушите.

Илинои: Малолетниците не смеат да конзумираат алкохол, освен во случај да станува збор за кулинарска емисија.

Индијана: Законот ви забранува да бакнувате други луѓе доколку имате мустаќи.

Калифорнија:
Забрането е да се јаде жаба што учествувала во натпревар на жаби во скокање.

Јужна Каролина: И додека во Аризона е забрането магариња да ви преноќуваат во вашата када, овде законот се однесува на коњите.

Јужна Дакота: Не смеете да спиете во фабрика за производство на сирење.

Луизијана:
Ако сакате да изненадите некого и да му испратите пица на домашна адреса, би можеле да платите казна од 500 долари доколку не сте го известиле претходно.

Мериленд: Со закон е забрането носење маици без ракави, барем по парковите!

Мичиген: Без дозвола од сопругот, скратувањето на косата се санкционира со закон.

Мисури:
Спротивно на закон е да се превезуваат мечки што не се сместени во кафез.

Ново Мексико:
Овде „Ромео и Јулија“ не се особено добродојдени, со оглед на тоа што во ова дело на Шекспир се цензурирани дури 400 зборови.

Њујорк:
После 22 часот забрането е носење папучи.

Орегон: Законот забранува ловење животни на гробишта.

Тексас: Со закон е забранета продажба на очи.

Јута: Во државата на Мормоните забрането е да НЕ се пие млеко! Иако не е прецизирано кое количество е доволно да се испие, за да не се прекрши законот.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура