X
 12.11.2016 Игри

Најдобрите апокалиптични видео игри

За сите гејмери кои ги преферираат апокалиптичните игри, ова е листа на видео игри со апокалиптични сценарија – преживеаните од Армагедонот и нивната борба се главните ликови.

1. Fallout 3



Краток опис : Преживеаните од Апокалипсата излегуваат од засолништата и откриваат дека Вашингтон е комплетно уништен, а во него се населени лидери жедни за војна.

2. Resistance: Fall of Man


Краток опис : Вонземјански чудовишта користат напредна технологија за да шират вирус на земјата и да го уништат човештвото. Америка одбива да ја препознае заканата се додека Британија не стане кошмарно општество.

3. Final Fantasy VI


Краток опис : Суров диктатор и нихилистички кловн формираат партнерство за да го контролираат и поробат поделениот свет, имајќи моќ над натприродно зајакната армија. Забавна и фантастична бесмислица.

4. Earth Defense Force: Insect Armageddon


Краток опис : Светот е нападнат од џиновски био-инженерски инсекти, контролирани од вонземјанска сила.

5. S.T.A.L.K.E.R: Shadow of Chernobyl


Краток опис : Жители на урбана потрошена средина веруваат во пророштвото на Виш Гантер, легендарен монолитен бог, кој ветува дека ќе ги реши проблемите во нивното очајно општество. Но, дали овој бог е всушност илузија создадена од тајната елита.

6. Gears of War


Краток опис : Цивилизарано човечко општество на планетата Сера е речиси уништено од армија на вонземјани.

7. The Last of Us


Краток опис : Неочекувана зараза се шири помеѓу популацијата и ги трансформира во агресивци кои ја уништуваат планетата.

8. Destiny


Краток опис : Земјата во иднина е уништена од непозната галактичка сила, потпомогната од вонземјански војници. Човешвото се надева на отпадникот наречен „Патникот“ за спас на планетата.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Игри