X
 13.11.2016 Живот

Што велат средношколците за изборните резултати во Америка?

Во осум часот изутрина, само неколку часа откако Доналд Трамп беше прогласен за новоизбран претседател, од ходниците во кампусот „High's SciTech“ во Харисбург се слушаше врева. Имаше солзи, но исто така и радосни движења за одобрување на резултатите. Но, главно студентите изразиле длабока желба за Американците во Пенсилванија и во целата земја да се обединат заедно.


средношколци


Во Беркли, Калифорнија, средношколците во средното училиште „Мартин Лутер Кинг Џуниор“ сакаа да зборуваат за тоа исто така. „Тоа дефинитивно ќе биде голема промена. Не мора да значи добра промена или лоша. Тоа само може да значи голема и различна промена"- вели Џексон.

Пакстон, кој има 11 години, направил молба за соработка: „Ако работиме со него, тогаш би можеле да бидеме во можност да го премислиме во врска со изградбата на ѕидот и испраќање на сите имигранти назад."

Средношколците од Пенсилванија беа прашани: „Што ќе биде потребно за да се обедини цела нација заедно?“, „Дали го гледаат Трамп како нивен претседател?“, Дали тој ќе може да ја обедини поделената нација? Еве што тие кажале:

Faridatou Issiako, 18


„Јас сум сé уште потресена од резултатите. На денот на резултатите имав толку многу анкциозност од бројките кои се движеа горе и долу. Хилари беше во водство, а потоа Трамп. Но сега е јасно дека Трамп победи“.

Ahmya Woodyard, 16

„Кога го даде својот прв говор откако беше прогласен за нов претседател, колку скромен стана. Тој нема да биди злобен и гаден како што беше порано. Тој всушност сака да и помогне на нашата земја. И тој ќе биде претседател, каков што нам ни е потребен“.  

Amira Ellison, 17

„Во однос на она што Трамп може да го направи и да го каже, единственото нешто што може да го направи е преку своите постапки. Тој мора да им покаже на сите дека тој е за сите".

Lacey Thomas, 17


„Јас сум на страната на Трамп, јас навистина го поддржувам за обезбедување на нови работни места кои ќе креираат повеќе можности. Исто така и за ѕидот го поддржувам“.

Ahmir Cy Edmonds, 16

„Секој е уплашен за она што Доналд Трамп може да го направи како претседател. Но она што сме поделени како нација е најголемиот проблем сега“.

Destiny Perez, 17

„Според мене, мислам дека Трамп не може да направи ништо за обединување на земјата или за луѓето во целина, бидејќи неговата кампања...Тој буквално ги подели луѓето повеќе. Тој не е она што јас го барам од еден претседател“.

Alexis Robinson, 15


„Јас станувам нервозна затоа што, не знам, затоа што сум Афро-Американка. Дали јас сум безбедна каде што живеам? И е на некој начин страшно, бидејќи јас не сакам да се чувствувам на тој начин. Многу е сериозно во моментот. Јас немам избор туку да го гледам Доналд Трамп како претседател.
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот