X
 14.11.2016 Политика

И мртов победил на избори!


Досегашниот благајник на општинската каса почина во септември, но сепак се „избори“ за нов мандат на изборите.

Гери Ернст

Гери Ернст во средата бил повторно избран на местото благајник на Оушнсајд, гратче сместено на самиот југ на Калифорнија, меѓутоа нема да стапи на функција, бидејќи во меѓувреме починал.

Ернст починал на 23 септември, на 61-годишна возраст, од компликации поврзани со дијабетес, но и покрај тоа добил поддршка од 53 проценти од избирачите.

Неговото име фигурирало на избирачките листи, зашто било предоцна да се печатат нови, а сесрдна поддршка на изборите добил и од градскиот советник, Џери Керн.

Имено, во согласност со должноста, Керн ги информирал гласачите за смртта на Ернст, но сеедно побарал  да гласаат за него, со цел од изборната трка да ја елиминираат неговата противкандидатка, Надин Скот.

Керн ја обвинил Скот за нестручност, па на избирачите им објаснил дека доколку гласаат за починатиот, ќе се отвори можност за градски благајник да биде назначен некој покомпетентен и со подобри референци.

И навистина, доколку градскиот совет го признае изборниот резултат, што е многу веројатно со оглед дека нови избори би чинеле околу половина милион долари, тогаш би се отворила можност за алтернативно решение – нов благајник би бил назначен преку јавен конкурс.

Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Политика