X
 14.11.2016 Образование

Со ИАЕСТЕ-Company Shuttle посетете ги најпознатите компании во нашата држава

ИАЕСТЕ (IAESTE Association for Exchange of Students for Technical Experience) е меѓународна организација за размена на студенти од техничките факултети, на кои им нуди можност да се здобијат со практично искуство од доменот на студиите, во фирми и институции во странство. Повеќе од 58 години во Македонија и веќе 23 години како самостојна организаиција.



Еден од тековните проекти на ИАЕСТЕ е Company Shuttle кој е интернационален проект и оваа година ќе се реализира по вторпат во Македонија. Целта на настанот е организирање на еднодневни посети во македонски реномирани компании, од страна на македонските студенти. Студентите ќе имаат можност да влезат во просториите на едни од најпознатите компании во нашата држава, да се запознаат со технологиите и техниките со кои тие работат и да си ја отворат можноста да останат забележани во очите на некој од идните работодавци.

Зошто COMPANY SHUTTLE?
Може да се заклучи дека и работодавците и студентите имаат потреба од медијатор кој ќе ја доближи природата на работењето на компаниите до самите студенти. Со нашиот пристап, компаниите допираат секогаш до вистински заинтересираните студенти и оние кои многу наскоро може да бидат нивни идни вработени. Од друга страна, студентите добиваат вистинска и целосна слика за работењето на компаниите за кои се заинтересирани. Токму ова остава простор да се најде нов и иновативен начин со кој ќе се оствари директна комуникација помеѓу студентите и компаниите.

Оваа година нашиот Shuttle bus ќе има неколку станици.
Прва станица ќе биде Дебар на 23ти ноември. Како и претходната година компанијата KNAUF ќе организира целодневна посета на фабриката и рудникот во Дебар.



Кнауф е една од водечките компании во индустријата за градежни материјали, таму студентите ќе имаат можност да слушаат  стручни предавања во областа на градежништвото и архитектура и подобро да се запознаат со начинот на производство и функционирање на компанијата. Поаѓањето ќе биде наутро во Скопје со организиран превоз. Повеќе детали на фб евентот (https://goo.gl/pc8BYP)

Потоа се враќаме во Скопје и на 29ти ноември е организирана посета на канцеларискиот простор на компанијата за софтвер INSIDE. За време на посетата, студентите ќе имаат можност одблиску да се запознаат со тимот на Инсајд Девелопмент, технологиите со кои се работи, како и да бидат дел од презентацијата на еден од најинтересните актуелни проекти на Инсајд поврзан со виртуелна реалност. Истовремено компанијата организира и програмерски предизвик за оние студенти коишто сакаат графика. Предизвикот ќе се работи во Three.js framework за webGL. Претходно познавање не е потребно.
Повеќе детали на фб евентот ( https://goo.gl/21VW0o).

Меѓутоа, Shuttle Bus-от на ИАЕСТЕ не застанува овде! Во план се посети и на други компании од разновидни области и различни производни процеси низ Македонија преку целата година, со цел да се зголеми разновидноста на проектот. Затоа, останете во тек!

Во периодот што претстои можете да ги видите штандовите на ИАЕСТЕ на вашите факултети (ФЕИТ, Машински, ФИНКИ, ТМФ, Архитектонски и Градежен) и да дознаете повеќе за оваа можност.

* Учеството е ограничено, затоа побрзајте!!!
Knauf:  https://goo.gl/IaiOWa - пријавување до 15.11.2016 23:59h
Inside: https://goo.gl/qkrVmK - пријавување до 20.11.2016 23:59h

**За учество на настанот нема никаква котизација.
GET A TASTE OF YOUR FUTURE !

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование