X
 15.11.2016 Култура

Фчерашни се враќаат! Бранко Огњановски: "Луѓето сакаат да ги гледаат политичките случувања претставени од друг агол"

На Телма веќе почна да се емитува најавата за Фчерашни новости. Првата епизода од втората сезона ќе се емитува во недела, 20ти Ноември во 19.10 часот. На кратко разговаравме со дел од екипата која веќе подолго време ги подготвува новите содржини.

Дуци е еден од препознатливите ликови од првата сезона. Меѓу другите впечатливи улоги, го видовме и како пиратот на вардарската галија и како предвидувачот Рики, а ќе го гледаме и во новата сезона. Дуци ќе глумиш ли некој нов лик во втората сезона, снимаше ли веќе?

„Снимав и планирам уште да снимам. Сега во моментов се спремам за нешто ново во Фчерашни.Секако дека ќе има доста нови ликови и ете, за оваа сезона сум особено среќен,возбуден,разигран, дека ми дадоа да имам своја рубрика, за која подготвувам еден прекрасен лик. БИДЕТЕ ТАКА“ - вели Дуци.


Паралелно во канцелариите на Фчерашни, во тек се читачките проби со екипата пред снимање. Зборувавме кратко со Бранко Огњановски за втората сезона. Како се одлучивте за втора сезона?

“Фчерашни продолжуваат, бидејќи сите информации кои ги собравме по првата сезона беа позитивни. Емисијата многу им се допаѓа на луѓето, ги релаксира и очигледно редовно не гледаа. Ние направивме и истражување, односно една специјализирана агенција за истражување на јавното мислење направи фокус групи низ цела Македонија и се потврди она што ние го претпоставувавме - дека публиката сака да не гледа и дека не очекува. Луѓето сакаат да ги гледаат политичките случувања претставени од друг агол и, иако првата асоцијација за сатирична програма гледачите ја врзуваат за К-15, успеавме да понудиме нов концепт во кој ем ќе ги има ликовите од К-15, ем ќе бидеме различни. Во новата сезона имаме и нови репортери, ликови кои допрва ќе стануваат препознатливи“




Јована и Петар остануваат лицата кои ќе бидат фронтмениод студиото на Фчерашни. Вие двајцата сте веќе добро уиграни и покрај тоа што знае да ви прелета кокошка во студио, да се вклучи правосмукалка или да влезе некој непоканет гостин. „Мислам дека и оваа сезона нема да бидеме поштедени од тие прекини. Некогаш ни самиот не знам дали сум подготвен за нив. Од режијатамногу често ни прават изненадувања, ама мислам дека добро се снаоѓаме. Најинтересни се оние снимања кога има и гостин, па ние треба да глумиме сериозни, а тоа баш и не оди лесно со ваква екипа“ – раскажува Петар.

Koj e spremen za nova sezona #fcerasni ?

A photo posted by Фчерашни Новости (@fcerasninovosti) on



Јована повеќе години си пред камера но, не очекуваше дека токму сцената со кокошката во студио ќе се најде на еден од најпознатите сајтови во светот 9gag?


"Не, воопшто. Јас сум фан на 9Gag уште од нивните почетоци. Според мене тоа е една од најинтересните заедници на интернет, каде луѓето одат кога сакаат искрено да се насмеат. Морам да му се заблагодарам на авторот на објавата. Да не заборавам да кажам дека без нашата кокошка Убавка и нејзината соработка, немаше да биде ништо од оваа сцена."


На Твитер и на Фејсбук има навистина многу позитивни коментари за Фчерашни, но се наоѓа и по некоја негативна критика, за водителите, за прилозите и сл. Како е да прочиташ нешто неубаво за себе и за твоите колеги?

„Со оглед на тоа што ние сме своевидна критика или коментар на општеството во кое живееме, би било дволично да очекуваме дека нема да има коментари и за нас. Се додека има критичко размислување, сме завршиле добра работа. Секако доколку критиката доаѓа од редовни гледачи многу често ја разгледуваме и во нашата продукција и постојано бараме начини да се подобриме."

Зборувавме и за тоа како изгледа подготовката на една епизода, со оглед на тоа што се снима секоја недела, а настани има премногу.

„Како вистински вести, само што ние мораме од сите вести што се актуелни во неделата, да ги избереме најрелевантните и дополнително да ги обработиме да бидат смешни. Пишуваме секој ден и имаме среќа во тимот сценаристи да ги имаме и новинарот Сашо Кокаланов и Моџо, авторот на еден од најинтересните сајтови во Македонија мојо.мк. Кај нас е важно што сите, вклучувајќи ги и актерите, екипата, а се разбира и режисерот, контрибуираат во осмислување на прилозите. Многу често заедно ги гледаме вистинските вести на нашите телевизии и од таму се инспирираме за прилозите. Потоа, иако немаме репортажновозило, сепак одиме на важните настани и се вклучуваме во живо од фчера. Сè завршува во сабота за време на монтажата, кога многу често пред да ја затвориме епизода се случува некој важен настан, за кој мораме брзо да реагираме и да го вклучиме во најновата емисија,“ ни објаснува Бранко.



Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура