X
 15.11.2016 Наука

Ова се случува во вашиот мозок кога лажете

Лажењето е дел од нашиот секојдневен живот. Но постои квалитативна разлика помеѓу кажување на мала лага во изјавата дека некој добро е потстрижан од негирањето на вонбрачна афера од брачниот партнер. Општеството не учи дека искреноста е најдобрата политика. Па како тогаш луѓето стануваат толку вешти во кажување на толку големи лаги?

Една нова студија ги нуди првите емпириски докази и дава одговор на тоа прашање. Одговорот е: личен интерес.


лажење


Тимот на истражувачи поврзал 80 учесници со актер, за кого тие веруваа дека е еден од учесниците. Заедно, тие мораа да погодат колку пари имаше во теглата која беше полна со монети од фотографијата.  

Истражувачите создале различни услови во кои имало поттик учесниците да лажат на сметка на својот партнер, да лажат во корист на двете страни, или да лажат во корист на својот партнер, но не и поради себе. Првите два услови беа означени како „лага за своја лична корист" и нечесност.

Кажување на лага за своја лична корист, иако мала, прави полесно да се кажат повеќе поголеми лаги, открива студијата.

„Вистински пример од животот би бил обидот да продадете автомобил со многу проблеми и да ги криете информациите од потенцијалните купувачи"- објаснил Нил Гарет, првиот автор на студијата, кој бил докторант на Универзитетскиот Колеџ во Лондон во тој период.

„Нечесноста од корист за двете страни, за лицето што лажи и примачот на лагата, спаѓа исто така во категоријата „лага од своја лична корист“. На пример, агенција за недвижен имот која го лаже својот клиент за тоа колку нивниот апартман вистински вреди, бидејќи со избирање да се биде нечесен тие ќе добијат поголема цена за нивните клиенти кои го продаваат станот и повисока провизија за себе- вели Гарет. Наодите од студијата укажуваат дека стапката по која нечесноста ескалира најдобро се објаснува од личниот интерес. Еве зошто?

Според резултатите од скенирањата на мозокот на учесниците за време на експериментот, нечесноста мотивирана од личен интерес предизвикува во мозокот емоционална реакција, која обично е силна негативна реакција, што лицето ја чувствува додека кажува лага.

„Кажувањето на мали лаги секој ден може да изгледа прилично незначајно, но ние треба да бидеме претпазливи за нив, бидејќи со самото дело на повторување, тоа може да ескалира“- објаснува Гарет.

Неговите откритија се усогласуваат со последните истражувања што покажува дека студентите кои земале благи бета блокатори, лек што го намалува ефектот на хормоните на стрес и ја намалува физичката реакција на една личност да се плаши, како и од други негативни стимулации, постоела веројатноста да лажат двојно повеќе на тестот од студентите кои зеле плацебо.

Гарет, кој сега е истражувач на пост-докторски студии во Принстон, вели дека студијата доведува до повеќе неодговорени прашања, како што се дали или не лажењето ескалира во текот на подолг период и како други фактори влијаат на луѓето да кажуваат лаги.
SaveSave
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука