X
 16.11.2016 Култура

Најдобрите автомобили на сите времиња што го променија светот


Тесла автомобил и олдтајмер

Индустриската револуција дефинитивно го промени светот и револуционерно го насочи во нов правец. Тоа беше точката што, во историска смисла, го означи почетокот на модерното време во кое и денес живееме. Автомобилите веќе 130 години се составен дел од нашата цивилизација. А сето ова започна со Бенц Патент Моторваген, првиот автомобил со мотор со внатрешно согорување, претставен во јавноста од Карл Бенц, на 3 јули 1886 година, во германскиот град Мајнхајм. И сè натаму е историја... иако изборот не е лесен, сепак ова се најдобрите автомобили на сите времиња што го променија светот:

1.    Benz Patent Motorwagen

Бенц Патент Моторваген модел на автомобил

Германскиот конструктор и пионер на автоиндустријата, Карл Фридрих Бенц, влезе во историјата со првото моторно возило (автомобил) Бенц Патент Моторваген, што го патентираше на 29 јануари 1886 година, кога и службено се смета за почеток на автомобилизмот. Тоа била моторна кочија на три тркала, што се движела со четири-тактен мотор со внатрешно согорување, со волумен од 958 сантиметри кубни и јачина од 0,8 коњски сили, и постигнувала брзина од 16 километри на час. Иако денес на изгледа така, сепак ова е автомобил во секоја смисла на зборот.

2.    Ford Model  T

Форд Модел Т автомобил

Иако Олдсмобил први ја применија бескрајната лента за составување во производството, Форд истата за моделот Т  ја доведе до совршенство и засекогаш го промени светот.  До 1920 година, повеќе од половината од сите автомобили во светот биле Форд Т!!! Од 1908 до 1927 година биле произведени повеќе од 15 милиони вакви автомобили.

3.    Mini

Мини марка на автомобили

Сер Алекс Исигонис е автор на револуционерниот концепт што ја зацрта иднината на малите автомобили. Максималната искористеност на просторот со мали димензии, попречно поставениот мотор и предниот  погон, го направија овој модел легендарен, но и зачетник на целосно нова класа на нови практични градски автомобили со ниски цени.

4.    Tesla Model S

Тесла Модел Ес

Електричните автомобили долго време беа исмевани во автомобилската индустија заради необичниот изглед, но најмногу заради краткиот досег со еднократно полнење на батеријата. Секако, Тесла стави крај на овие предрасуди, лансирајќи го моделот Ес, кој е модерен, брз, еколошки, практичен и електро-автомобил со сосема прифатлив досег. Овој модел е револуционерен и означува нова ера во развојот на автмобилите, кога станува збор за електричната енергија како алтернативно погонско гориво во идните децении.

5.    Lancia Lambda

Ланча марка на автомобил

Виченцо Ланча е еден од најзаслужните фигури во историјата на автомобилизмот, денес да користиме автомобили во денешната форма. Станува збор за неговиот патент за самоносива  каросерија, таканаречена, монокок, која за првпат е монтирана на моделот Ламбда како замена за тогашната крута шасија. Истовремено овој модел  е и првиот автомобил со независен преден систем за управување и хидраулични телескопски амортизери.

6.    Austin Seven

Остин Севен автомобил

Овој британски автомобил секако заслужува место на оваа топ листа, не само затоа што придонесе за омасовувањето на возењето на автомобили на Островот, туку и заради фактотдека Остин 7 е првиот автомобил што масовно се произведуваше низ светот со лиценца под различни називи, што во денешната автоиндустрија е вообичаена практика. Така Седумката се произведуваше во САД како американски Остин, во Германија како прв Бе Ем Ве модел Дикси, во Франција како Розенгарт, а во Јапонија послужи како основа за моделите на Нисан. Иако Седумката не беше првиот автомобил со денес прифатената конфигурација со три педали, управувач и рачна кочница, со оглед на големиот број на лиценцирани изданија и големиот број на произведени примероци, сепак е најзаслужен за овај стандард.

7.    Lamborghini Miura

Ламборџини автомобил

Прифатен е како првиот сериски спортски автомобил со средишно поставен мотор и заден погон, па Миура е првиот суперспортски автомобил. На денешните величествени супер и хипер спортски модели од Мекларен, Порше и Ферари, патот им го отвори и трасираше сензационалната Миура, попреферирана денес отколку во времето на појавувањето.

8.    Toyota Prius

Тојота Приус модел на автомобил

Може да ви се допаѓа, а може и не, заради специфичниот облик, но Тојота Приус е првиот масовно прифатен, иако не и првиот хибриден автомобил. Следствено успехот што го постигна овој модел на Тојота, речиси секој производител има некој хибриден модел во својата понуда.

9.    Land Rover

Ленд Ровер теренец

Иако не станува збор на првото 4х4 возило, Ленд Ровер е првиот производител што го популаризираше погонот на сите тркала меѓу пошироката публика, бидејќи обезбедува сигурност во возењето, и во лоши и непогодни услови. Денес сегментот 4х4  кај теренците е еден од најпопуларните.

10.    Citroen DS

Цитроен модел Де Ес

Своевремено вонредно напреден автомобил што донесе многу иновации, од хидропневматскиот систем на управување до динамички предни светла кои го следат движењето на возилото и обезбедуваат подобра видливост, што денес е, исто така, вообичаена опрема кај моделите од многу произведувачи.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура