X
 17.11.2016 Култура

Ким Јонг Ун: „Од Северна Кореја ќе направам доминантна фудбалска сила во светот“

Северна Кореја ќе создава илјадици двојници на Меси...

Ким Јонг Ун

Фудбалскиот свет мора да внимава! Ким Јонг Ун, таканаречениот „Прекрасен водач“, ќе го создава најдобриот играч и најдобрата фудбалска репрезентација на планетата. Тоа го изнесе во јавност, а тренерите и експертите веќе се зафатија со макотрпна работа.

Државното водство во Северна Кореја неодамна основаше фудбалска академија во главниот град Пјонгјанг, а резултатите треба да ги очекуваме во блиска иднина. Децата трудољубиво тренираат, а целта не им е мала. Напротив.

„Ги тренираме нашите избраници за да станат суперталентирани играчи, со подобри вештини од познатите фудбалери како што е Лионел Меси“, изјави Ри Ју Ил, еден од тренерите во академијата.


А потоа „испали“ реченица од која би можеле да умрете од страв или од смеење.
„Убеден сум дека наскоро ќе доминираме во Азија, а потоа и во целиот свет“, тврди самоуверениот Ју Ил.

Тешко е да се прогнозира за резултатите на севернокорејската фудбалска академија, но многу веројатно е дека ќе покажат напредок во однос на сегашната ситуација. Северна Кореја се наоѓа на 127 место на ранг-листата на ФИФА.



Двапати учествувале на светските првенства, првиот пат во 1966 година кога во четвртфиналето испаднаа од Португалија со резултат 3:2, иако водеа со 0:2. Второто учество им беше во 2010 година во Јужноафриканската Република, кога испаднаа во групната фаза.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура