X
 18.11.2016 Настани

20-тото по ред Бизнис Кафе Македонијa со одлични гости!

На 24.11.2016 г. од 18:00 чaсот во кафе бар Мартини (Лептокарија) ќе се одржи 20-тото по ред Бизнис Кафе Македонија, со кое ја започнуваме 4-тата сезона.



Гости на настанот ќе бидат: Г-ѓата Емилија Филдишевска - Сопственик на Македонија Травел; Г- динот Венкo Андоновски - Професор, автор,прозаист, драматург, филмски сценарист, критичар; и Г-динот Николче Мицевски - Композитор.

Дружењето трае 2-3 часа. Првиот час е резервиран за гостите, успешни сопственици - претприемачи, кои во отпуштена атмосфера одговараат на прашања на модераторот и гостите, делејќи го своето работно и животно искуство, проследено со бизнис вмрежување (speed dating) и дружење.

Учесниците на бизнис кафето добиваат ЕДЕН пијалок (кафе,вода, или сок) од организаторот, нови контакти, договарање на соработка, мотивација, делење на информации и знаења, размена на искуства, стекнување на нови потенцијални клиенти и бизнис партнери, можност за освојување на интересни награди.

НЕ заборавајте со вас да понесете многу визит карти, ќе Ви бидат потребни за speed dating – от!!!

Картите по цена од 300 ден., ќе можете да купите на:http://www.kupikartizase.com/Events/business_cafe_20, фактура пратете маил на: mkbizniskafe@gmail.com или директно на трансакциска сметка: 210 - 067036660110, назив на примач: Актива Вел ДООЕЛ – Скопје, НЛБ Банка, цел на дознака: Учество на бизнис настан.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Настани