X
 19.11.2016 Култура

Што може да научиме од Норвешка за пензискиот систем?

Во изминатите неколку години Норвешка, особено има направено неколку паметни измени во пензискиот систем кои беа од голема помош на граѓаните и работодавците. Норвешка беше на прво место во Natixis, Глобалниот индекс за пензионирање 2016, ранг листа на 43 земји, при што беа анализирани податоците за безбедноста на пензионирањето.

Во Норвешка, како и Шведска, Данска, Германија и остатокот од главните индустриски земји, работниците од јавниот и приватниот сектор се опфатени со некој вид на пензија.


Норвешка


„Кога одам на конференции во Европа и кога им кажувам дека половина од американските работници немаат пензии тие се шокирани", вели Ентони Веб, директор на SCEPA.

Норвешка има обезбедено владини пензии заедно со мерките за социјална сигурност. Но, во 2011 година земјата направи нешто прилично умно што се дозна насекаде. Норвешка го подобри приватниот пензиски систем познат како АФП, за да ги поттикне повозрасните Норвежани да останат вработени.

Како Норвешка го подобри пензискиот систем

Од повеќето норвешки компании се бара да обезбедат АФП пензии на работниците кои се пред пензија. Но, пред 2011 година, овие работници можеа да се пензионираат на возраст помеѓу 62 и 67, а големината на нивните АФП пензии зависeше од нивната заработувачка (значи тестирање) и немаше финансиска награда да го одложи примањето на бенефиции до 67 годишна возраст. Не е за изненадување, што повеќето работници почнаа да ги земаат нивните пензии на 62-годишна возраст.

Почнувајќи од 2011 година, АФП бенефицираните пензии веќе не подразбираа тестирања врз основа на приходите, па така Норвежаните нема да бидат казнети ако сакаат да продолжат да работат, додека добиваат бенефиции за пензионирање. И големината на пензиите сега расти секоја година, како што работниците одложуваат да се регистрираат како пензионери се до 75 години.  

Што е резултатот од овие реформи? Процентот на работници кои се соодветни за АФП, кои бараат бенефиции на 62 години се зголеми од 30 на 50 проценти, но бројот на работници кои продолжија да работат по 62 години, се зголеми за околу 13 проценти.

Со други зборови, традиционалната поврзаност помеѓу одлуката да се поднесе барање за пензија и да се престане да се работи беше отсечена.

„Најважната лекција е дека кога ќе се отстрани тестот на приходи и им се дава на луѓето флексибилност за тоа кога да почнат со нивните бенефиции, поголеми се шансите луѓето да продолжат да работат. Се чини дека луѓето ја ценат можноста да ги земаат бенефициите и да продолжат да работат“- вели за Forbes, Ола Л.Вестад, ко-авторот на студијата за реформите во пензискиот систем од 2011 година.
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура