X
 20.11.2016 Култура

Дали сте чуле за данскиот концепт hygge, составен од мали ритуали што усреќуваат?


Среќно данско семејство

Истражувачите и медиумите последните неколку години постојано ги истакнуваат Данците како еден од најсреќните народи на светот, иако зимата кај нив трае подолго од останатите три годишни времиња заедно. Се чудите како тоа им успева?

Едноставно! Жителите на оваа студена земја го осмислија hygge, концепт на мали ритуали кои усреќуваат. Да се преведе овој израз воопшто не е лесно, а подразбира остварување на топли емоции на среќа, удобност и пријатност. Деновите кога тие мораат да станат рано наутро за на работа кога сонцето сè уште не изгреало, а се враќаат дома по напорните работни денови, чекорејќи по мрак, за Данците не се пречка и причина за лошо расположение. Напротив!

Јадете добра храна! Богати зеленчукови чорби, варива и гулаши, се вистинска утеха кога се враќаме дома премрзнати и страдни по мирисен и топол оброк. Не заборавајте да го поделите тоа чувство на среќа. Опуштени вечери со семејството и пријателите ќе ве крепат и ќе ви ги освежат замореното и премрзнато тело и душата.

Дружете се со луѓе кои ви се драги! Иако ова понекогаш е тешко да се реализира заради пренатрупаните обврски – работа, деца, тренинзи, животни проекти, навистина вреди да се обидете за луѓето кои се ваша поддршка во животот. Со многу мали гестови можете да ги усреќите најмилите, а дополнително и вие ќе се почувствувате многу подобро. Организирајте заедничко гледање филмови, извадете ги дрштвените игри од плакарот и барем на неколку часа оставете ги грижите настрана.

Создадете си мало, топло прибежиште во кое ќе ги искористите плетените перничиња, рунтавите топли ќебиња и други материјали за да ја претворите вашата соба во оаза. Во комбинација со меката светлина од запалени свеќи или оган во каминот, уживањето во топлината ќе ви биде комплетно!

Обезбедете се со убави и допадливи шолји во кои со задоволство ќе ги служите своите гости со топло какао или варено вино. Шармантниот дизајн и топлината со која ќе зрачи вашиот нов најсакан комплет садови, е мала но симпатична причина за среќа.

Запалете миризливи свеќи, за моментално чувство на романтика и топлина. Денес има навистина богат избор на свеќи во најразличен облик и мирис, па дали ќе се одлучите за повеќе  мали свеќи разместени низ станот или за една голема свеќа со опоен мирис, останува на вас. Запалете ги веднаш штом се вратите дома, и за момент вашиот простор ќе се исполни со мириси, а вие ќе се чувствувате како да сте во луксузен ресорт.

Украсете го вашиот дом со предмети кои ве веселат. Тоа можат да бидат нови, топли ќебиња, саксии со празнично цвеќе како што е божиќното дрво или украсни ламбички кои ќе ги поставите наоколу.

Најдете време за активности или хобија кои ве расположуваат, и веднаш денот ќе ви биде поисполнет, и покрај студот и темницата надвор. Отсекогаш сте сакале да научите да шиете или плетете? Одберете волна во омилената боја, пронајдете видеа на интернет и почнете да го плетете вашиот нов шал или можеби креативни божиќни подароци.

Посветете дел од своето време во квалитетен разговор, наместо да го поминувате пред телевизор. Пуштете пријатна музика, направете атмосфера и уживајте во споделувањето со вашите домашни!
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура