X
 20.11.2016 Живот

ИЗБОРИ 2016: Се бараат 3.300 набљудувачи од цела Македонија, пријавете се!

Во функција на спроведување фер и слободни избори во Република Македонија, Граѓанската асоцијација МОСТ за набљудување на изборниот процес и денот на гласањето ќе ангажира околу 3.300 набљудувачи на целата територија на Република Македонија.

За таа цел, МОСТ ги повикува граѓаните, лично, да се пријават во 18те регионални канцеларии, низ целата држава. Регионалните канцеларии на МОСТ за граѓаните ќе бидат отворени од 10 до 18 часот. Податоците со контакт информации за регионалните канцеларии може да ги најдете ТУКА.

За пријавените граѓани ќе биде организирана специјална обука, а истите потоа ќе бидат распоредени на гласачките места како набљудувачи.

Набљудувач во мисијата на Граѓанската асоцијација МОСТ може да биде секој граѓанин со право на глас, кој е подготвен непартиски, непристрасно и објективно да го набљудува процесот и да известува за наодите. При селектирањето на набљудувачите предност ќе имаат оние кои во веќе биле ангажирани како набљудувачи на МОСТ на претходните изборни процеси.

Како и изминатите години така и оваа, Граѓанската асоцијација МОСТ проектот го спроведува согласно меѓународно признатите стандарди за домашно набљудување на изборите.

Проектот „Домашно набљудување на предвремените парламентарни избори 2016“ е поддржан од: Амбасадата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, УСАИД преку Националниот демократски институт, Швајцарската агенција за развој и соработка, Амбасадата на Кралството Холандија и Националниот фонд за демократија.

Ставовите во ова соопштение се одговорност на МОСТ и не ги одразуваат секогаш ставовите на поддржувачите на проектот.

За дополнителни информации: Граѓанска асоцијација МОСТ, тел. 02/30 99 384

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот