X
 21.11.2016 Живот

Научниците од Харвард откриваат: Кои се нештата на кои треба да ги научите своите деца

Како да се воспита добро дете е тема со која се занимаваат експертите од Харвард, кои на родителите им дадоа 5 совети за тоа како да се постигне тоа. Ова се препораките за родителите од најпрестижниот универзитет во светот.


дете и родител


1. Како да ги контролираат своите емоции


Лутина, тага, разочарување и други негативни емоции може да влијаат на нас како возрасни, исто како што може да влијае на нашите деца. Сепак без оглед на тоа, вашето дете може да го научите како да се справува со негативните емоции и тоа како да не троши премногу енергија на нив.

Кога вашето дете е смирено, научете го на овој трик: прво нека вдише длабоко преку носот и издиши преку устата броејќи до пет. Ако видите дека вашето дете е вознемирено за нешто потсете го на овие три чекори и изведете ги заедно.

2. Како да презема одговорност за своите постапки

Мајката и таткото се модели кои детето сака да ги имитира и на кои сака да личи. Разговарајте со детето за моралот, за тоа меѓусебно да си помагате и за важноста на грижата на светот околу себе. Објаснете му што значи да преземе одговорност за своите постапки.

И најважно од се не заборавајте и вие самите да се однесувате во согласност со своите зборови и поттикнете го вашето дете да прави добро. Една од првите такви лекции е онаа да не фрла ѓубре на подот, туку да го фрли во местото што е предвидено за ѓубре.

3. Како да биде сочувствително да им помога на слабите


Многу е важно вашето дете да сочувствува не само со членовите на своето семејство и со пријателите, но со секој кој има потреба од помош. Кажете му на детето да замисли како би се чувствувало да е нов ученик во класот. На овој начин детето ќе почне да размислува за такви работи и конкретно во овој случај ќе му помогни на новиот ученик да се вклопи полесно во класот и во стекнувањето на нови пријатели.

Разговарајте со вашето дете и за универзалните проблеми: што може да направите за децата кои немаат што да јадат. Што е со децата кои немаат дом? Родителите може да направат многу за да му помогнат на детето да развие чувство на општествена одговорност.


деца


4. Како да биде благодарно

Детето не треба да се срами да сподели со некого дека е благодарно. Започнете со мали нешта. На пример, кажете му на детето да ја прегрне бабата, бидејќи направила вкусна торта. Потсетувајте го вашето дете секогаш да каже благодарам, кога е потребно, но исто така да се заблагодари на своите родители за сето она што го прават за него.

Истражувањата покажале дека луѓето кои изразуваат благодарност се посреќни и поздрави од оние кои не изразуваат.

5. Поминувајте повеќе време со детето

Ако сета комуникација што родителот ја има со детето е сведена на разговор за дисциплина, тогаш воспитувањето нема да даде успешни резултати. Потрудете се со детето да имате однос полн со доверба. Разговарајте со вашето дете, играјте со него, поминувајте време заедно, одете некаде на патување и се разбира, не заборавајте да му покажете колку го сакате.

Сето ова ќе придонесе вашето дете да стане добра и искрена индивидуа која ќе разбери што значи љубов и почит и ќе знае да ги споделува чувствата со другите околу себе. 
SaveSave
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот