X
 21.11.2016 Здравје

Сѐ уште се истражува „маглата-убиец“ што во Лондон однесе 12.000 животи


Пред 64 години, 12.000 луѓе во Лондон починаа од последиците предизвикани од „маглата-убиец“.

Магла во Лондон

Иако можеби е чуден фактот што научниците ги истражуваат случувањата во атмосферата од пред 64 години, проблемите од минатото често можат да ги решат проблемите од денешнината, пишува Science Alert.

Таков е случајот и со новото истражување на универзитетот Texas A&M. Не само што успеаја да го решат мистериозниот случај од 1952 година, туку дојдоа и до откритија кои би можеле да бидат клучни во борбата против загадувањето на воздухот.

Маглата-убиец

Имено, во 1952 година во Лондон се појавила магла-убиец. Се спуштила над градот на 5 декември, а се расчистила четири дена подоцна. За време на маглата умреле 12.000 луѓе, 150.000 завршиле во болница, а смрт ги знашла и илјадници животни. Точните причини не беа познати сè досега.

Преку мерењата на составот на маглата во Кина и лабораториските експерименти на истражувачот Renyi Zhang  и неговиот тим, била откриена и причината: азот диоксидот со хемиска реакција го претвора безопасниот сулфур диоксид во смртоносна сулфурна киселина.

Кина ја спасува компостот

„Знаевме дека сулфурот има важна улога и дека сулфурниот диоксид кој се создава со горењето на јагленот во фабриките и во домаќинствата се пртвора во сулфурна киселина. Но, не беше познато како точно доведува до тоа. Резултатите од истражувањето покажаа дека преобразувањето го поттикнува азотниот диоксид, што е исто така нуспроизвод од согорувањето на јагленот што бил присутен во маглата“, објаснува Zhang.

Нешто слично се случува и денес во најзагадените кинески градови. Единствената причина зошто таму не се појавила магла-убиец е амонијакот што го неутрализира процесот (и е присутен во атмосферата), благодарение на тоа што во Кина многу се користи компост. Маглата во Лондон била кисела, додека во Кина главно е неутрална. Се разбира дека ова не значи дека маглата е здрава, но во секој случај е помалку опасна од  маглата-убиец.

Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје