X
 21.11.2016 Живот

„Вирусот“ Трамп се шири во Европа


Марин ле Пен

Францускиот премиер, Мануел Валс, во четвртокот предупреди дека лидерката на екстремно-десничарката партија Национален фронт, Марин ле Пен, има големи шанси да ги добие претседателските избори што треба да се одржат во 2017 година, и тоа под директно влијание на атмосферата од изненадувачката победа на Доналд Трамп во Америка.

На економската конференција во Берлин, францускиот премиер од редовите на социјалистите изјавил дека сите истражувања на јавното мислење во Франција покажуваат дека Марин ле Пен ќе влезе во вториот круг претседателски избори, предвидени да се одржат во мај 2017 година.

Валс додава: „Ако таа успее да влезе во вториот круг од трката, ќе се соочи со кандидат од левицата или од десницата, што значи дека рамнотежата на политиката комплетно ќе се промени“, предупредувајќи на опасноста од подемот на екстремната десница во државата.

Расте загриженоста во Франција од порастот на популизмот и гневот на антиглобализмот што го доведоа Трамп во Белата куќа, односно што ги поттикнаа Британците да изгласаат напуштање на Европската унија и кои е сè поизвесно дека ќе ја устоличат Ле Пен во Елисејската палата. 

Претседателот на Франција ужива многу поголема извршна моќ од американскиот врховен командант, вклучувајќи го и правото да влегува во војна, без да бара одобрување од парламентот.

Според анкетите, Ле Пен во моментов ужива доверба од околу 25-28%, но имајќи го предвид исходот во Америка, се потврдува дека сè е извесно да се случи.

Ле Пен беше меѓу првите политичари што му ја честитаа победата на Доналд Трамп и што ги поздравија намерите за спротивставување на слободниот пазар, глобализацијата и „воените интервенции кои се главен извор на миграциските бранови што го преплавија светот“.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот