X
 22.11.2016 Здравје

„30% од времето умот ни е "на пасење"“ и други интересни психолошки факти


Гушкање

Човечката психологија е навистина фасцинантна. Многу нешта навидум ни звучат разумни, но под површината работите се усложнуваат. Во продолжение ви споделуваме неколку психолошки факти што е корисно да се знаат.

1. Луѓето се посреќни кога се зафатени. Тогаш ги обзема позитивно чувство.

2. Среќа, лутина, тага, страв, гадење и изненаденост се единствените шест емоции што се изразуваат универзално.

3. Чоколадото и вљубеноста испуштаат иста хемиска супстанција во телото.

4. Луѓето се поискрени кога се уморни.

5. Прегратка од дваесет секунди ослободува хемиска супстанција во телото што ви ја поттикнува довербата во личноста со која се прегрнувате.  

6. Истражувањата покажале дека паниката што ни се создава од губењето на мобилниот телефон е многу слична на претсмртното искуство.

7. Пологично размислуваме на друг јазик.

8. Кај слепите луѓе не се развива шизофренија.

9. Денешните средношколци имаат исто ниво на анксиозност со просечниот психијатриски пациент од пеесеттите години.

10. Мозокот отфрленоста ја чувствува како болка.

11. 30% од времето умот ни е „на пасење“.

12. Најживописните сеќавања најверојатно ни се погрешни.

13. Дури и илузијата дека напредуваме може да нè мотивира.

14. Зависноста од интернетот може да се додаде на листата ментални нарушувања.

15. Не можеме да правиме многу работи одеднаш.

16. Несвесниот ум знае прв.

17. Способни сме да бидеме блиски со околу 150 луѓе.

18. Кога се сеќаваме на некој минат настан, всушност се сеќаваме на моментот кога сме го запомнале.

19. Полесно запомнуваме помали делчиња од некој материјал.

20. Спомените се изобличуваат со текот на времето, и секој човек има барем едно парче погрешно сеќавање.

21. Луѓето со ниска самопочит најчесто се тепачи.

22. 80% од разговорите се сведуваат на поплаки.

23. Луѓето кои волонтираат се позадоволни од своите животи.

24. Нашиот ум е покреативен кога сме уморни.

25. Емотивните врски имаат поголемо влијание врз човековото здравје отколку вежбањето.  
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје