X
 22.11.2016 Здравје

Цел месец бесплатни логопедски прегледи

Под мотото „Во новата година со помалку логопедски проблеми“, бесплатни прегледи на секое дете со нарушувања и проблеми со говорот и на децата со логопедски потешкотии ќе се одружуваат секој работен ден, од 25 ноември до 25 декември, како дел од хуманитарната акција на здружението „Интеракција плус“ од Скопје.



Во рамките на акцијата ќе се одржуваат и едукативни работилници. Секое детенце ќе добие сликовница која ќе биде користена и како мал прирачник при вежбите - сликовницата „Мраско во Снежиленд“ од истакнатиот македонски писател Велко Неделковски, а во издание на Издавачката куќа „Феникс“.

Исто така, здружението ќе добие на подарок дваесет уметнички слики од Живко Поповски- Цветин, Светомир Стефановски и Христо Петрески со мотиви блиски за децата, кои ќе го симболизираат среќното и радосно детство.
За повеќе информации и закажувања на термините за бесплатните прегледи и креативните работилници, сите заинтересирани граѓани можат да се јават на телефоните на „Интеракција плус“: (078) 245484 и (071) 973362.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје