X
 23.11.2016 Образование

Меѓународниот натпревар за студенти по правни науки оваа година се одржува во Македонија

АДВОКАТСКОТО ДРУШТВО ДДК - ДОМАЌИН НА BIG DEAL НАСТАНОТ

Практичната едукација, низ работен предизвик, ја вршат ментори, професори од Правните факултети и адвокати од адвокатските друштва во регионот кои се членки на TLA – Top Tier Legal Adriatic, од земјите од каде што доаѓаат тимовите.



Меѓународниот натпревар за студенти по правни науки, наречен Биг Дил (Big Deal) оваа година ќе се одржи во Македонија, во два дена и во две натпреварувачки сесии, кон крајот на оваа недела. Натпреварот на студентски тимови по право е во организација на Регионалната мрежа на водечки адвокатски друштва – TLA – Top Tier Legal Adriatic, а домаќин во нашата земја е првото Адвокатско друштво кај нас, Дебарлиев, Дамески, Ќелешоска – ДДК. Биг Дил е настан од компетитивен карактер, каде што преку практичен пример студентски тимови ќе можат да креираат решенија за реални ситуации од деловниот свет, а ќе бидат оценувани од страна на ментори, професори по право и правни експерти.

Годинава, на скопскиот Биг Дил настан ќе учествуваат вкупно шест тимови од студенти од правните факултети од Македонија, Србија, Хрватска и од Словенија, односно, два тима од Скопје, еден тим од Белград, еден тим од Крагуевац и по еден тим од Загреб и од Љубљана. Натпреварувачкиот дел ќе одржи, во просториите на Адвокатското друштво ДДК, во Скопје, во четврток и петок, на 24 и 25 ноември. Победничкиот тим добива тримесечна работна пракса во некоја од канцелариите на членки на TLA.

“Кооперативноста помеѓу адвокатурата, како претставник на практичниот дел на правото, и правната едукација во примената на правото понудена од врвни адвокати, од една страна, и експертските теоретски знаења и вештини од правото дадени од страна на професори од Правниот факултет, од друга страна, нудат голем степен на напредок во знаењето на еден млад правник. Oвој натпревар е само еден од начините на кои што може да се доближи адвокатурата до студентите и до младите правници кои што располагаат со високи теоретски познавања, но на кои во тој период им е потребна и дополнителна стручност и искуство во спроведувањето на правото,” вели Емилија Ќелешоска Шољаковска, партнер во Адвокатското друштво ДДК.

Практичната едукација, низ работниот предизвик, ја вршат ментори, професори од Правните факултети и адвокати од адвокатските друштва во регионот кои се членки на TLA, од земјите од каде што доаѓаат тимовите. Преку натпреварувачкиот дел, студентите ќе имаат можност да ги збогатат и да ги презентираат своите знаења од повеќе области на правото, при што ќе се оценува квалитетот на понудените правни решенија. Студентите работат на правната анализа како тим, во соработка со своите ментори.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование