X
 23.11.2016 Економија

Швајцарците уште еднаш прогласени за најбогати луѓе на светот

Швајцаријците 16-та година по ред, се наоѓаат на врвот на табелата за најбогати луѓе во светот, се вели во годишниот извештај  на „Global Wealth Report" изработен од „Credit Suisse“. Германија фаќа чекор, но сепак е многу далеку зад Швајцарија.

Последниот „Global Wealth Report“ од швајцарскиот најголем кредитор „Credit Suisse“, покажа во вторникот дека Швајцаријците сé уште се најбогатите луѓе во светот, со просечно богатство од 561.900 долари (или 528.399 евра).


Швајцарија


Граѓаните на САД заостануваат со вкупен капитал во вредност од 344.700 долари, по што следи британската просечна нето вредност на средства од 288.800 долари, соопшти банката во Цирих, додавајќи дека луѓето во Велика Британија изгубиле 1,5 милијарди долари поради девалвацијата на фунтата во пресрет на Брегзит гласањето.

Извештајот тврди дека просечното богатство на Германците се зголемило од 2.8 проценти помеѓу средината на 2015 и средината на 2916 година во износ од 185.175 долари, иако Германија не е на првите места на оваа листа.

Групата на супер богати луѓе порасна за 3 проценти, со тоа што сега постојат 4.100 луѓе во светот кои поседуваат по 50 милиони долари. 
SaveSave
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија