X
 23.11.2016 Култура

Сите имиграции во Америка од 1820 година

usa

 

Од 1820 до 2013 година, 79 милиони луѓе добиле постојан престој во Америка. На интерактивната мапа подолу се визуелизирани сите овие имиграции врз основа на земјата во која претходно живееле. Светлоста со која е прикажана една земја одговара на нејзината вкупна миграција во Америка во одреден период.


Со текот на времето, изворите на трагите на имиграција даваат јасен пат насекаде низ светот.

Во поголемиот дел од 1800-тите, имиграцијата била претежно од Западна Европа (Ирска, Германија, Велика Британија). Кон крајот на векот, земите од Источна Европа (Италија, Русија, Унгарија) биле најголем извор на миграција. Со почетокот на 1900-тите, повеќето имигранти пристигнале од Мексико и Канада. И во последните неколку децении имиграцијата претежно доаѓа од Азија.

Ова се најголемите миграциски „бранови“ низ времето.

 

1


Иако може се чини дека имиграцијата во изминативе неколку децении е повисока од претходно, табелата изгледа многу различно кога се гледа во однос на бројот на жители на Америка.

Ова е истата табела, само што ја прикажува имиграцијата како процент на американската популација.

 

2


Она што е особено интересно за имиграцијата во Америка е тоа што секој „бран“ кој дошол од специфична земја има приказна позади него - обично бегање од прогон или големи економски проблеми.

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура