X
 23.11.2016 Економија

Во Хрватска вработените ќе добиваат пари од државата за годишен одмор

Хрватска од 2018 година на своите граѓани преку таканаречените „Cro картички“ (туристички ваучер) ќе им плаќа годишен одмор, соопштил министерот за туризам Гари Капели, проект кој тој го наследил од неговиот претходник Антон Климан. Парите ќе ги исплаќаат работодавците на посебна банкарска сметка на нивните вработени, а тие би ја трошиле сумата со „Cro картичките“.

Како тоа ќе функционира и колкав износ Хрватите ќе имаат на располагање допрва треба да се дефинира. Потребно е да се постави процент за секоја категорија на трошоци. Сега предлогот е 50 проценти од сумата да биде определена за сместување околу 30 отсто за храна и пијалок, а останатите проценти за трошоци за музеј, велнес центри и слични содржини.


Гари Капели


На маса се два модели

Според првиот модел би се укинал постоечкиот регрес до 2.500 куни (330 евра), а би се вовел туристички ваучер во износ до 10.000 куни (1300 евра) годишно, додека според вториот модел ваучерот ќе биде до 5.000 куни (660 евра) со задржување на регресот. Кој од овие два модели ќе биде избран ќе одлучува Министерството за туризам во преговори со Министерството за финансии, работодавачите и синдикалците.

Државата преку даночни олеснувања ќе ги стимулира бизнис компаниите да им овозможат на своите вработени добивање на „Cro картичките“. Се разгледува опцијата воведување на олеснување на данокот на добивка во износ од 25 до 100 проценти за уплатен износ за туристички ваучер.

„Со примена на еден ваков ваучер ќе се овозможи отворање на 10.000-21.000 нови работни места, раст од 7 на 11 милијарди куни нови инвестиции, кои би генерирале помеѓу 2-4 милијарди куни (од 250 до 500 милиони евра) нето приходи годишно што претставува и голема можност за заработка за угостителите“- изјавил Капели.


годишен одмор


Унгарија од 2010 година има во употреба ваков ваучер или како шти тие ја нарекуваат „Szep картичка“. Искуството на Унгарија зборува дека има забележан пораст на домашни туристи за 30 проценти, а вкупниот приход од домашните туристи е зголемен дури за 64 проценти.

Секоја фирма во Унгарија им овозможува на своите вработени да добиваат покрај редовната исплата на платите и дополнителен износ од 450.000 унгарски форинти или приближно 1500 евра за една година. Со овие картички не може да се подигне готовина, туку може да се плаќа со нив во објекти кои прифаќаат плаќање со „Szep картички“. 
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија