X
 25.11.2016 Живот

Триофино - нов сладок вкус од Винчини

Брендот Винчини на Макпрогрес го претстави најновиот производ - Триофино , меки трослојни тортички со префинет вкус на лешник и кајсија.

Триофино е вкусно колаче налик совршено пресечено парче торта, практично спакувано за да ви биде на дофат во билокој момент од денот кога помислувате на десерт.



Новите Триофино тортички се издвојуваат по единствениот трослоен пандишпан, по неговата мекост, по неодоливиот фил од лешник и двојно полнење со какао крем и џем од кајсија. Двата неодоливи вкуса нудат префинето уживање во идеално избалaнсирана комбинација на природни состојки, без вештачки бои и додатоци. Рецептот за квалитет го потпишуваат слаткарските мајстори од производствениот сектор на Винчини.

Производот се издвојува на полиците во сите маркети ширум земјава, а веќе се подготвува извозот и на останатите глобални пазари каде што компанијата Макпрогрес ги пласира своите производи. Тортичките Триофино може да ги побарате во пакување од 300г, каде има десет тортички од 30г, што го прави овој производ најдобриот избор за фамилијарен десерт во кој може да уживаат сите членови на семејството.

Макпрогрес Виница е пример за компанија која инвестира и настојува на постојан развој и новитети во производството, со цел да одговори на динамиката на пазарот и желбите на потрошувачите.

“Кога ја имате честа да бидете една од најголемите прехранбени индустрии на пазарот, инвестициите и новитетите во производството се императив во одржувањето на конкурентноста и имиџот на компанијата.

Кога пласираме нов производ, посветуваме особено време и внимание на дизајнот, практичноста на пакувањето, името на производот, и се разбира, на квалитетот. Тоа е нашиот начин на работа што не прави поразлични.“ – вели Глигор Цветанов, извршен директор на компанијата Макпрогрес ДОО Виница.

Брендот Винчини на Макпрогрес застапува богата палета на производи од наполитанки, торти и вафли со различни, неодоливи вкусови на какао, лешник, млеко и чокалодо. Триофино сега ја збогатува понудата и одговара на барањата на сладокусците за мекан, омилен десерт што се топи во устата. Пробајте го и уживајте во сочниот вкус на лешник или комбинација од какао крем и кајсија.
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот