X
 27.11.2016 Живот

Влајко Пановиќ: Денес децата се одгледуваат како божества

„Денес постојат семејства во кои децата не можат да научат да го фрлат ѓубрето, да јадат на време... Тешко е да се прифати улогата што го прави тешко усвојувањето на навики за работа", вели специјалистот за медицинска психологија доктор Влајко Пановиќ, клинички психолог на Воено-медицинската академија во Белград.

Современата фамилија всушност е збир на поединци кои живеат паралелен живот во ист станбен простор. Нема разговор како што постоело кај нашите предци кога се собирале околу огништето кога после работниот ден зборуваа за важните нешта во животот, ги поучуваа младите, ги фалеа, укоруваа...


Влајко Пановиќ


Институцијата брак е во сериозна криза. Лесно се влегува во неа, а уште побрзо се излегува. Брачните другари честопати развиваат натпреварувачки наместо партнерски односи, а Бог нас не создал различни за да може да создаваме семејство", оценува доктор Пановиќ.

Зборувајќи за „кризата на современото семејство“ доктор Пановиќ истакна дека денес низ разни  "New age"  филозофии се форсира индивидуализмот, медитативното поврзување со „универзалната интелигенција“ што дава илузија на моќ и го прави човекот неспособен за чувствување на емпатија и солидарност. Денешниот човечки живот технолошки е олеснат, но истовремено човекот е заробен осамен и несреќен.

Има се повеќе деца зависници од социјалните мрежи и видео игри со кои работам. Не сакам да го запрам тркалото на историјата, но мора да најдеме начин да се одредиме спрема содржините на современото време, а да го сочуваме она што е традиционално добро.

Јас пораснав во семејство со многу членови во кое дедо ми ги организираше обврските на нас децата, а ние безусловно ги прифаќавме. Денес имаме семејства во кои децата не можат да научат да фрлаат ѓубре, да ручаат на време.


одгледување деца


Тешко им е да прифатат улоги што го отежнува усвојувањето на работни навики. Децата се одгледуваат како божество што ја оневозможува нивната примена во реалниот свет. Родителите ги штитат од обврските а потоа паѓаат во сопствените замки биејќи со децата тешко се комуницира. Недостасува заедничко време и спонтани семејни излегувања. Современото семејство се потешко наоѓа време за тоа, а со тоа недостасува и разговор, тактика и трпение во нивните меѓусебни односи.

Децата мора да научат рационално користење на мобилните телефони и компјутерите. Ние мораме да бидеме будни и да ги водиме кон она што ќе им помогне да се дефинираат себеси како човечки суштества. Да ги насочиме да развијат перцепција на убавина и добрина, да развијат толеранција и да не ги исмејуваат различните од себе.

Денешниот човек се повеќе се прилагодува, а се помалку е господар на своето време за разговор и спонтано мислење. Покрај од родителите, децата усвојуваат и пораки преку телевизијата и интернетот. Умовите им се преполни со слики кои ја уништуваат фантазијата, неопходна за креација. Виртуелниот свет се меша со реалниот, а губењето од реалноста е прв критериум за лудило. Не треба да паничиме, но мораме да се замислиме.

Важно е во животите на децата, ние возрасните да бидеме активно присутни, да им помогнеме во изборот на содржини.
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот