X
 28.11.2016 Технологија

Драматични последици на технолошкиот развој: Околу 5 милиони работни места ќе исчезнат до 2020 година

Револуцијата во областа на високо-технолошките достигнувања, доведе до пад на побарувачката за одредени професии. Расте трендот на невработеноста, што е уште еден од факторите за исходот на неодамнешните избори во Америка.

Tien Tzuo е ко-основач и директор на компанијата „Zuora“ која по приходи е една од водечките компании од ИТ секторот во САД. Тој тврди дека технолошката експанзија ја наруши рамнотежата на пазарот на трудот, бидејќи со големиот напредок дојде до промена на самиот процес на работа.


Tien Tzuo


За време на учеството на Светскиот Економски Форум, Tzuo во неколку наврати спомна дека во тек е „Четврта Индустриска Револуција“ која започна со експанзијата на роботиката и вештачката интелигенција, што ги автоматизира и работните операции. Тој исткана дека овој незапирлив тренд ќе избрише околу 5 милиони работни места во наредните 3 години.

„Има се помал број на работни места во произвдоството, па можеме слободно да речеме дека светот се соочува со „Четврта Индустриска Револуција. Милиони луѓе се во опасност бидејќи нивната обученост е во судир со промените кои ги бара современиот начин на функционирање на економијата“- изјавил Tzuo за „Business Insider“.

Според истражувањето на Униеврзитетот Оксфорд и Лондон Сити, околу 57 отсто од професиите на светот се во опасност од страна на процесот на автоматизација. За разлика од претходните големи достигнувања во технологијата, напредокот на компјутерите уништи многу повеќе професии отколку што создаде.

„Доколку не го решиме проблемот со невработеноста, повеќето луѓе не ќе бидат во можност да одржат чекор со напредокот на технологијата. И покрај тоа што го градиме нашиот пат кон занимањата на иднината, во исто време ние треба активно да се занимаваме со овој проблем“-предупредува директорот на една од највлијателните компании во Силиконската Долина.
 
Тој додава: Не знам уште колку ќе издржиме вака. Луѓето како причина за невработеноста го гледаат проблемот со бегалците, мигранти. Јас сметам дека ниедно работно место во светот не исчезна поради бегалците. 
Save
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија