X
 29.11.2016 Технологија

Ќе има ли Ајфон 8 3Д камера?

Следниот Ајфон на „Apple“ најверојатно ќе ја нуди можноста за правење 3Д фотографии.


Тоа се послендите гласини кои кружат за следниот модел Ајфон 8, дека компанијата остварува соработка со LG за равзој на ваквиот технолошки потег. Ако ја релизираат идејата, новиот смартфон ќе нуди можност за дополнителни тродимензионални ефекти и лесно препознавање на предметите во реалниот свет.

Со оглед на фактот дека во 2017-та „Apple“ ќе прославува 10 години од своето постоење, многу веројатно е да планираат нешто големо за пласирање на пазарот.  Ако сите нивни планови за новитети се остварат тогаш новиот модел на Ајфон 8 ќе биде ривал на Samsung Galaxy S7 Edge, кој излезе на пазарот во февруари годинава.

„Apple“ вообичаено пушта во продажба нов модел, а потоа и „S“ верзија од тој модел наредната година, па многумина очекуваат Ајфон 7S да биде објавен во 2017 година. Како што напоменавме, заради годишнината можеби компанијата веднаш ќе премине на Ајфон 8. Од компанијата се уште не го искажале својот став во врска со бројните гласини за новитетите.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија