X
 29.11.2016 Здравје

Нискиот социјален статус - причина за појава на болести

Живеењето на подолните скалила во социјалното општество е причина за нарушување на здравјето. Новото истражување покажува дека нискиот социјален статус може да доведе до непожелна инфламација на кожата кај луѓето со хронични болести.


На прашањето дали социјалниот статус ја менува биологијата,  научниците тврдат : „Веќе неколку години знаеме дека здравјето е поврзано со социоекономскиот статус на луѓето. Оваа поврзаност не зависи од факторите како што се пристап до здравствена нега или чиста вода, но тешко е да се формираат мислење за тоа кои се причинско-последичните односи.

Со цел да се провери влијанието на социјалниот ранг врз здравјето, научниците експериментираа на друго високо социјално животно: резус мајмунот. Еволутивниот биолог Џени Тунг од Универзитетот Дјук и нејзините колеги работеле со 45 женски мајмуни. Истражувачите ги организирале мајмуните во групи од пет, додавајќи ги мајмуните еден по еден, а резултат на тоа била доминацијата на најстариот член, додека пак најдоцна додадениот мајмун имал најнизок ранг. Овие групи се одржувале  една година, а за тоа време истражувачите забележале одредени однесувања и зеле примероци од крв за проценка на промените во генетската активност поврзана со социјалниот статус на мајмуните.

Потоа, истражувачите повторно создале групи од пет мејмуни, но овојпат со ист социјален ранг. Повторно, мајмуните воспоставиле хиерархија и истражувачите ги тестирале и зеле крв.

„Беше многу јасно кои мајмуни се доминантни а кои се поттчинети“, смета еден од авторите на студијата. „Со алфа-женката никој не се задева.“ Мајмуните од пониско ниво биле малтретирани повеќе и не само што добивале повеќе критики, туку немале ни поддршка од другите. Поттчинетите мајмуни учествувале помалку во активностите со чешлање, кое претставува социјална прифатеност.

Мајмуните од понизок ранк имале различни пропорции на имунолошкиот систем и на клетките кои циркулираат во крвта, откриваат истражувачите. И генетската активност во некои од тие клетки биле зголемени кај  мајмуните од понизок ранк. Заедно, мобилната и геномска активност резултирале со физиолошки профил кој изгледа како хронично воспаление. Овој тип на воспаление допринесува за развој на многу хронични болести, како што се Алцхајмеровата болест, рак и кардиоваскуларни болести.

Клетките од мајмуните  кои биле изложени на бактериски токсин за да  имитираат инфекции исто така реагирале поинаку врз основа на ранкот на мајмунот, открива тимот. Во основа наодите покажале детали за тоа како ниска општествена положба води кон подигнување на стресот кој му штети на здравјето, истакнал Роберт Саполски од Универзитетот Стенфорд, кој е експерт за физиолошките ефекти на стресот кај приматите.

„На крајот на денот,  хронично подредените нечовечки примати и луѓето заглавени на дното на социоекономските скалила се слични на повеќе начини“, велиСаполски. Луѓето имаат зачудувачки малку контрола врз непредвидливоста во животот и е релативно тешко да се дојде до социјална поддршка. Според научниците, ова е рецепт за хронични заболувања.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје