X
 30.11.2016 Култура

Десетици милиони муслимани маршираа против ИСИС во Ирак


Шиитски муслимани маршираат во Карбала

Милиони Шиитски муслимани беа дел од еден од најголемите маршеви во светот што се случи  минатата седмица во Ирак, во чест и слава на голем муслимански светец.

Учесниците во маршот, во неделата и понеделникот, се упатија кон градот Карбала што е оддалечен 62 милји југозападно од Багдад, по повод светиот ден Арбаеен, што го означува крајот на 40-дневното оплакување после периодот Ашура, верски обред што ја одбележува смртта на внукот на пророкот Мухамед, Имамот Хусеин во 680 година од н.е.

Огромна толпа луѓе го посетија светилиштето на Имамот Хусеин и неговиот полубрат Абас во Карбала, каде што биле убиени во буната против Омејадскиот водач Јазиид во 7 век од н.е., бидејќи одбиле послушност на Омејадскиот калифат.

Предводникот на провинцискиот совет, Нусајеф ал-Катаби, изјавил дека се очекувало во маршот да се приклучат меѓу 17 и 20 милиони луѓе. Меѓу нив се околу три милиони странци, повеќето Иранци кои тргнале порано за да се придружат на толпата.

Многу од луѓето се одлучиле да одат пеш, и покрај сознанието дека треба да поминат покрај подрачјата под контрола на Исламската Држава и честите смртоносни напади на оваа екстремистичка група врз аџиите.

Како што наведуваат некои медиуми, речиси 80 луѓе, од кои повеќето аџии кои се враќале од Карбала, биле убиени во последниот напад на ИСИС на тоа подрачје.

ИСИС ги прогласил шиитските муслимани за отпадници, посочувајќи на нивната крвава кампања за формирање тврдокорен калифат на подрачјето на Ирак и Сирија.

Храбри мажи, жени и деца непоколебливо маршираа со сознанието дека само пред недела дена, во непосредна близина на Карбала, се разнел бомбаш-самоубиец од редовите на ИСИС.

Во последните неколку години, овој марш има дополнителна цел – по чекорите на маршот за Арбаеен, сега се случува гласен протест против терористите на Исламската Држава.

Според Индипендент, организаторите на годинашниот Арбаеенски марш, ги изразиле фрустрациите од слабиот медиумски интерес за проследување на овој голем настан.

„За жал, (некои) медиуми објавиле за настанот, но во преден план ја нагласиле поделеноста меѓу муслиманите. Ако група муслимани прават нешто добро, таа вест се заобиколува или не се споменува за религиозната цел на случувањето. Но, ако некој направи нешто негативно, веста веднаш ги зазема насловните страници со акцент на религиозната цел“, изјавил за Индипендент, Мохамед ал-Шарифи, волонтер во минатогодишниот марш.

Начинот вистински да се порази ИСИС е да му се даде отпор на стравот што го наметнуваат.


„Мораме да им покажеме на ИСИС дека толеранцијата и слободата се далеку помоќни од фанатизмот и омразата – додека ниеден американски меинстрим медиум не известил за неколкуте десетици милиони муслимани кои маршираа против ИСИС.“      

Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура