X
 30.11.2016 Економија

Советот на ЕУ одлучен за укинувањето на гео-блокадата за развој на е-трговијата


Совет на ЕУ

Советот на ЕУ за конкурентност, во понеделникот постигна договор за укинување на пречките во прекуграничната трговија преку интернет, со што би се укинало т.н. гео-блокирање, една од пречките во развојот на електронската трговија.

„Смислата на ваквата одредба е да им се овозможи на граѓаните и претприемачите пристап до интернет трговијата, за да се спречи нивната дискриминација со оглед на географското подрачје на кое се наоѓаат“, изјави Мартина Далиќ, потпретседателка на хрватската Влада и министерка за економија, која присуствуваше на состанокот на Советот за конкурентност.

„Кога ќе влезете во продавница во некоја друга земја членка на ЕУ, сопственикот не бара од вас документ за идентификација за да ја приспособи цената или, пак, да одбие продажба заради вашето место на живеење. Меѓутоа, тоа често се случува во интернетскиот свет, што ги спречува Европјаните да купуваат од веб-страници по нивна желба“, изјави потпретседателот на Комисијата, задолжен за единствен дигитален пазар, Андрус Ансип.

„Многу граѓани очекуваат да можат да купуваат преку интернет во некоја држава членка на ист начин на кој тоа го прават и луѓето кои живеат таму. Новите правила го оневозможуваат неоправданото гео-блокирање, што значително ќе придонесе за електронската трговија и ќе им овозможи на граѓаните поширок избор на стоки и услуги“, изјави словачкиот министер за економија, Петер Жига, чија земја претседава со ЕУ во ова полугодие.

Одлуката на Советот е донесена со квалификувано мнозинство. Усвоената одлука претставува гледиште на Советот во преговорите со Европскиот парламент по тоа прашање. Дури откако ќе се согласат Советот и Парламентот, двете законодавни институции во ЕУ, одредбата ќе може да стапи во сила.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија