X
 02.12.2016 Култура

По речиси триесет години, Мартин Скорсезе повторно на прием кај Папата


Мартин Скорсезе и Папата Францис

Вчера во Ватикан, Папата Францис се сретна со режисерот Мартин Скорсезе, откако еден ден претходно била организирана посебна проекција на неговиот најнов филм „Тишина“ (Silence) работен според романот на Шјосаку Ендо од 1966 година. Средбата доаѓа по речиси триесет години, откако многу конзервативни католички великодостојници го осудија неговиот филм „Последното Исусово искушение“, што го сними во 1988 година.

Состанокот што Ватикан во соопштение го нарече „срдечна средба“ бил важен и за Папата, кој изјави дека ја прочитал книгата на Ендо, а и самиот додека бил млад свештеник посакувал да замине на мисија во Јапонија, но бил спречен заради слабото здравје.

Филмот „Тишина“ бил прикажан во вторникот во Ватикан пред публика составена од околу 300 свештеници-езуити. Скорсезе кој бил присутен на проекцијата, бил задовлен од одекот, изјавил Џејмс Мартин, исусовец кој соработувал на сценариото за филмот, и кој после проекцијата бил задолжен за одговорите на прашањата од свештениците.

Филмот ќе има своја премиера во САД во јануари 2017 година.

Конзервативните христијани долго и жестоко му ја замеруваа на Скорсезе сцената од филмот „Последното Исусово искушение“, каде распнатиот Исус сонува брак и интимност со Марија Магдалена.

„Тој филм не зборува за откажувањето на Исус од верата, туку за неговото искушение, што е дел од неговата човечка природа“, истакнал отецот Мартин.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура