X
 03.12.2016 Наука

Се распадна вселенскиот брод за достава на храна, вода и кислород во Меѓународната вселенска станица


Лансирање на вселенско летало

Вселенскиот брод за снабдување на Меѓународната вселенска станица (ISS) изгуби контакт со контролата на летање и се распадна во атмосферата, јавуваат руските медиуми.

Руското летало Прогрес МС-04 полета од космодромот Бајконур во Казахстан во 15:51, но шест минути подоцна, престанале да пристигнуваат податоците за статусот на леталото. Руската државна агенција ТАСС јавува дека делови од Прогрес паднале на подрачјето Тува во Сибир. Руската вселенска агенција Роскосмос покрена акција за пронаоѓање на деловите за да започне истрага за несреќата.

По полетувањето, Прогрес летал североисточно од Бајконур и ги отфрлил четирите дополнителни компресори согласно планот за летање. Потоа бил отфрлен и аеродинамичниот штит и бил вклучен третиот стадиум на ракетата, по што престанала комуникацијата со контролата на летање.

НАСА смета дека третиот стадиум на ракетата прерано се одвоил од модулот Прогрес, што и ја предизвикало несреќата.

Леталото за снабдување Прогрес во еден дел е танкер за гориво, во друг – реморкер, а во третиот – товарно возило за достава на потребни материјали. Во следните два дена било предвидено леталото да помине низ серија орбитални маневри пред да се поврзи со ISS.

Прогрес носел 2.442 килограми товар, од кои 710 килограми гориво за ISS, 422 килограми свежа вода, 53 килограми кислород за астронаутите, 115 килограми медицинска опрема и средства за лична хигиена и 67 килограми делови за системот за прочистување на воздухот во вселенската станица.

Ова беше 65. лансирање на леталото Прогрес според ISS, а трето годинава.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука