X
 05.12.2016 Економија

Што можете да купите со 50 денари во различни делови од светот?


Банкнота од 50 денари

Сината банкнота или железната монета од 50 денари, во деновите пред да стигне платата, понекогаш многу ни значи. Но, реално, многу малку работи можат да се набават за овие пари во Македонија. Интересно е да се види што може за толку пари да се купи во различни градови во светот.

1.    Скопје, Македонија

Доколку некој Американец би се нашол во Скопје со толку пари во џебот, најверојатно ќе биде изненаден дека со нив ќе може да купи не една, туку две векни леб! Исто толку чини и литар млеко, половина килограм лимони, но и два килограми компири – па нашиот измислен американски турист за помалку пари отколку што троши за да купи килограм ориз (3,78 долари за килограм или приближно 220 денари, на пример во Чикаго, според податоците од сајтот Cost of living) би можел да живее дури два дена, а притоа да пие лимонада!

2.    Берлин, Германија

Германците за 50 денари (0,8 евра) можат да се почестат пола литар пиво, доколку го купат во продавница, или ако станува збор за домашно производство. За таа сума можат да набават и шест јајца или половина килограм ориз. За 50 денари, Германците можат да купат и две шишиња од литар и половина вода, но во кафуле не можат да нарачаат ниту половина шолја кафе.

3.    Њујорк, САД

Њујорчаните за 0,90 долари, колку што чинат 50 денари, не можат буквално ништо да купат. Не е тајна дека Њујорк е еден од најскапите градови во светот, но тоа ќе можете да го разберете откако ќе сфатите дека за тие пари единствено ќе можете да набавите половина главица залена салата! Всушност, овие пари нема да ви се доволни ниту за половина карта за превоз во една насока – но затоа пак, ќе можете да си дозволите литар и пол гориво!

4.    Пекинг, Кина

Главниот град на Кина е доста поповолен, па за шест јуани, што се еквивалент за 50 денари, можете да се напиете големо пиво во некое кафуле. Да, од пола литар! Продавниците сепак се малку поскапи, па за овие пари можете да купите половина литар млеко или 400 грама јаболка. Изгледа дека во Кина не е исплатливо да се биде „пивопиец“!

5.    Дака, Бангладеш

50 денари се еднакви со 71,65 бангладешки таки во Дака, главниот град на Бангладеш. За овие пари таму можете добро да се забавувате! Имено, ќе можете да си купите три газирани сокови во кафуле, и тоа не во најевтиното. За истиот износ ќе можете да купите не една, туку три  карти во градскиот превоз, а ако ви е поважен комфорот, за тие пари ќе можете да се повозите и два километри со такси. Што се однесува до храната, за оваа сума можете да си купите 250 грама бело месо без коски.

6.    Мадрид, Шпанија

Престолнината на Шпанија според цените не се разликува многу од Берлин, па за 0,8 евра може да се купи половина векна леб или исто толкаво количество домати. Рестораните сепак се поскапи, па ќе ви требаат двојно повеќе пари за една шолја капучино, а за овие средства, Шпанците можат да купат само една шестина кутија цигари!
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија