X
 05.12.2016 Живот

Временска прогноза: Какво време да очекуваме оваа недела?

Денес е понеделник, 5 декември 2016 година, 340-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:40, а ќе зајде во 16:07 часот. Денот ќе трае 09 часа и 27 минути.

Првото утро во оваа нова седмица го започнуваме со претежно облачно и студено време. Во северозападните и североисточните предели претежно сончево со локална облачност.

МАКЕДОНИЈА – Денес не очекува еден претежно облачен и студено време. Во крајните северозападни, северни и североисточни предели во текот на денот се очекуваат и повремени сончеви периоди. Слаб јужен и југоисточен ветер. Утринските температури ќе бележат благ пораст и ќе се движат од -5 до 5 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 3 односно до 10 степени.

СКОПЈЕ – Во Скопје денеска ќе биде умерено облачно време со повремени кратки сончеви периоди. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од -2 степени, а дневната до 7 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во вторник умерено облачно со повремени сончеви периоди и дневни температури од 3 до 11 степени. Во среда и четврток претежно сончево со локална облачност и температури од 4 до 12 степени, односно од 3 до 11 степени. Во петок по студеното утро со утрински температури од -8 до 0 степени, во текот на денот претежно сончево и топло време со дневни температури од 4 до 12 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот