X
 06.12.2016 Живот

Што да кажете кога вашето дете ќе ве праша : „Која е поентата на математиката?“

Како родител или како наставник, сигурно некој ви го поставил прашањето : „Која е поентата на математиката?“. Или пак, „Кога ќе ми биде потребна математиката?“, „Како математиката ќе ми помогне во животот?“.

Овие прашање, најчесто се поставувани за математиката како област, и тоа особено од учениците кои сметаат дека на математиката местото и е само во училницата. Таквото размислување често е поврзано со личното искуство на учениците со овој предмет на училиште. Истражувањата покажуваат дека одбивноста на младите кон математиката се зголемува, дури и во основно училиште. 


На родителите не им е лесно да одговорат на вакви прашања. Но, еве неколку одговори кои би можеле да им се понудат на децата.

„Кога ќе ја користам математиката?“

Математиката е наука која ги проучува моделите, шемите и го опишува светот во кавнтитети, форми и врски. Ова значи дека за многу ученици, нивното разбирање за математиката повеќе е завршување на задачи одредени од наставникот, отколку развивање на нивно сопствено разбирање на аглите или волуменот или капацитетите. Наставниците би можеле да понудат можности на учениците за да ја користат математиката надвор од дневната лекција. Родителите пак, би требало да ги охрабруваат своите деца да размислуваат за користењето на математиката во секојдневието. На пример, кога патувате, децата можат да бараат модели (шеми) во регистарските таблички на автомобилите. Можат исто така да предвидуваат кој пат е најбрз врз основа на информации кои ќе ги дознаат преку своите мобилни телефони, или пак да одредат колку од нивните омилени ТВ серии се посветени на рекламирање.

„Како математиката ќе ми помогне подоцна во животот?“

Она што е потребно во разговорите со младите е постојаното потенцирање дека математиката се користи во секојдневниот живот, дури и без да бидеме свесни за тоа. Бидејќи фокусот на предметот математика во училиште се вештините, а не решавањето на автентични проблеми, па младите се обесхрабрени за да продолжат понатаму со изучување на оваа област. Општа заблуда е тоа дека математиката ја користат само припадници на одредени професии. Всушност, за повеќето од професиите како пилоти, градежни инженери, новинари, медицински сестри, ја користат математиката секојдневно, често решавајќи ги проблемите заеднички.

„Која е поентата на математиката?“

Наредниот пат кога вашето дете ќе ве праша за поентата на математиката, можете да му кажете дека математиката помага да разбереме како всушност се одвиваат работите на утврдениот начин, таа помага во предвидувањето на она што може да се случи во иднина (користејќи веројатност) или во решавањето на загатки. 
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот