X
 07.12.2016 Живот

Што ќе се случи во Италија по оставката на премиерот?

По одбивањето на предлогот за уставни реформи од јавноста, Италијанскиот премиер Матео Рензи изјавил дека презема целосна одговорност за поразот и дека неговото владеење завршува.

mateo-renzi


Претседателот Сегиу Матарелиј треба да процени дали може да се воспостави нова коалициска влада или дали предвремените избори се подобро решение. Постојат претпоставки дека наследници на Ремзи може да бидат министерот за финансии Пиер Карло Падоан, претседателот на Сенатот Пјетро Грашо и министерот за култура Дарио Франчесини. Според објавите на повеќе медиуми претседателот сака парламентарните избори да се одложат до 2018 година.

Последните анкета покажуваат дека партијата Пет ѕвезди има поддршка од 53% од анкетираните, а Демократската партија од 47%. Освен парламентарните избори италијанските власти даваат приоритет и на реформите на изборниот законик, а особено проблематичен сметаат дека е составот на долниот дом затоа што постои голема веројатност поголем дел од местата да припаднат на партијата Пет ѕвезди.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот