X
 07.12.2016 Живот

Слика од Земун во новогодишна реклама ги воодушеви луѓето

zemun

 

Мало гратче, тивка снежна ноќ и целото семејство собрано на едно место - ова е најчестата сцена од новогодишните реклами, со кои поголемите компании нe' почестуваат секоја зима. Сепак рекламата на една марка на мобилни телефони успеаала да се истакне меѓу многуте слични реклами.


Црковните кули, крабрежјето на реката и пространото небо над градот - сите тие траги не можеле а да не бидат забележани од правите Земунци, кои на видеото веднаш пронашле нешто познато и домашно. На социјалните мрежи тие споделиле слики од нивното родно место и панорама од видеото - сличностите биле неверојатни.

 

Дека Земун е дефинитовно муза на дизајнерот на оваа компанија, потврдува и кулата на Николаевата црква, на чија убавина не требало да се додаде ништо, така што на рекламата се појавува во оригинална форма. Прекриено со снег и новогодишни светилки, местото на слевањето на Сава и Дунав заблеска како да излегло од бајка и совршено се вклопи во приказната за семејството, блискоста и спомените кои вечно траат.

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот