X
 09.12.2016 Живот

Гајле му е на Трамп за климатските промени и глобалното затоплување


Скот Пруит, управител на Агенцијата за заштита на околината (EPA) во Америка

Новоизбраниот американски претседател го избра Скот Пруит, министерот за правосудство од Оклахома и противник на климатската политика на Барак Обама, да управува со Агенцијата за заштита на околината (EPA).

Пруит (48), републиканец, поголемиот дел од својата кариера го поминал како министер за правосудство во Оклахома, борејќи се против агенцијата на чие чело е штотуку назначен. Тој водел судска битка против регулаторните мерки на претседателот Барак Обама, а кои ги спроведувала ЕПА, за намалување на стакленичките гасови од електро-централите на јаглен.

Трамп во текот на кампањата ветуваше дека ќе ги поништи законите и регулативата за заштита на околината и борбата против климатските промени, обвинувајќи го Обама за објавување војна против јагленот, што беше сензитивна изборна тема во неколку сојузни држави.

Исто така, Трамп изјави дека ќе ги повлече Соединетите држави, кои се втор светски загадувач со стакленички гасови после Кина, од Париската спогодба за климатските промени, што на крајот на 2015 година ја потпишаа 192 земји.

Под водство на Скот Пруит, 28 земји поднеле тужба против прописите според кои ЕПА нареди намалување на емисијата на штетни гасови од електраните на јаглен. Сојузниот суд ќе мора да се произнесе по предметот, но експертите очекуваат предметот да стигне и пред Врховниот суд.

Изборот на Трамп веќе наиде на реакции од страна на заштитниците на животната средина, меѓу кои и Берни Сандерс, кандидатот на демократските предизбори.

Во меѓувреме, познатиот актер и активист за заштита на околината, Леонардо ди Каприо, вчера се сретнал со Трамп и му презентирал како обновливите и чисти извори на енергија можат да создадат милиони нови работни места.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот