X
 09.12.2016 Технологија

Најважните технолошки иновации за 2016 година

Со доаѓањето на крајот на годината, „Yahoo India“ го објавува „The Year in Review lists“. Оваа листа ги објавува луѓето, случувањата и приказните кои најмногу ѝ привлекоа внимание на јавноста за 2016 година. Ова се топ настаните во технолошкиот сектор.

1. Автономни возила

 

1


Автономните возила повеќе не се научна фантастика. Тие се возила способни за регистрирање на средината која е во нивна близина и навигација без било каква помош од човекот. Овие возила користат неколку техники како што се GPS, радар, компјутерска визија и многу повеќе.

„Google“ и „Tesla“ се двете најголеми компании кои инвестираат во автономните автомобили. Голем број компании како „Audi“, „BMW“, „Bosch“, „Ford“ планираат да се приклучат во производството на овие возила.

2. Повеќе фокус на IoT (Internet of things - Интернет на нештата)

 

2


Меѓусебното поврзување на сите физички уреди без разлика дали е зграда или возило, кафе машина или машина за перење или нешто друго со интернет.

„Cisco“, „Nokia“, „Arrayent“, „Filaments“ и многу други компании работат на полето на Интернет на нештата. Наскоро, се' во светот ќе биде поврзано со Интернетот. Вашиот автомобил ќе биде поврзан со вашиот календар и ќе ви кажува за вашиот распоред и најдобар можен пат.

3. Фитнес уреди за следење

 

3


Со овие фитнес уреди можете да ги следите и да ги надгледувате вашите дневни активности. Ги пресметува вашите чекори, отчукувања на срцето, трчање, време на спиење и слично. Некои од најдобрите фитнес уреди се „Fitbit Surge“, „Fitbit Charge 2“, „Samsung Grae Fit 2“, „TimTom Touch“, „Spark 3“ и „Garmin Vivoactive HR“.

4. Виртуелни лични асистенти

 

4


Виртуелните лични асистенти помагаат за поефикасно работење и грижа за административни или повторливи задачи. Тие помагаат во бизнисот и личната работа за навремено постигнување на целите на поефикасен начин.

5. Виртуелна и зголемена реалност

 

4


Технологија која создава реалистични слики, звуци, моменти и други сензации користејќи софтвер, е позната како виртуелна реалност. Корисникот го чувствува физичкото присуство во средината која ја создава софтверот, додека зголемената реалност е моќна и пренослива технологија која ги спојува виртуелната реалност со реалниот живот. Дигиталните и содржините од реалниот свет се споени заедно со помош на апликации.

Овие технологија помагаат во бизнисот, комуникациите, средбите, продажбите и многу други полиња.

6. Се' што е поврзано со облак

 

6


Во оваа ера на дигитална технологија, ова е важен тренд кој обезбедува споделување на податоците на други уреди. Многу големи компании се префрлаат на облак со оглед на тоа што е лесно да се управува со него и има пристап од било каде.

7. 3D печатањето како мејнстрим активност

 

7


3D печатењето е процес на создавање три-димензионални предмети од дигитални фајлови. 3D печатењето е револуција во полето на технологија. Овие 3D модели се создадени со компјутерски потпомогнат дизајн, со 3D скенер или со обичен дигитален фотоапарат и софтвер на фотогаметрија.

8. Побрзи и почисти модели на транспорт- „Hyperloop“

 

8


„Hyperloop“ е новиот пронајдок во областа на транспортот кој работи во вакуум цевка. Вакуум цевката работи на линеарен електричен мотор.

9. Обновливи извори на енергија

 

9


Обновливите извори на енергија доставуваат енергија која потекнува од природни ресурси како што е сонцето, воздухот, водата, брановите итн. Постојат четири важни области каде обновливата енергија има значајни резултати: производство на електрична енергија, воздушно и водено греење/ладење, танспорт и рурален развој.

10. Користење на беспилотно летало

 

10


Дроновите се многу корисни во било која возраст поврзана со технологијата. Може да се користи за фотографирање, во земјоделието, за воени услуги и многу повеќе. Дроновите можат лесно да стигнат до области кои се недстапни за луѓето.

Дроновите со камера се оние најпопуларните. Многу компании работат на концептот за дроновите.

Сите овие иновации го менуваат начинот на кој живееме и размислуваме за луѓето.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија