X
 09.12.2016 Наука

Научниците го открија алгоритмот за интелигенција

Група на научници на Универзитетот во Аугуста, Џорџија, предводена од Џо Цајн мислат дека се на пат да ја откријат вечната тајна: организацискиот принцип позади човечкиот мозок.

 

мозок


Доколку нивната теорија се покаже точна, тоа ќе испрати ударни бранови низ областа на невронските мрежи и најверојатно, ќе доведе до почеток на една нова ера за вештачката интелигенција.

Еден експеримент кој потврдил дека постои нешто како универзален компјутерски принцип во човечкиот мозок, вклучвал глувци со врзани очи. Врзувањето на очите на глувците за време на клучните фази на развој открива дека деловите од мозокот традиционално поврзани со видот би можеле да бидат повторно искористени со текот на времето за други ментални задачи. Ова потврдува дека мозокот на луѓето, како и на глувците можат да се репрограмираат како универзална компјутерска машина.

Но, ако постои некој вид на обединувачки компјутерски принцип со кој се регулира нашата сива материја, кој е тој вид? Д-р Цајн го проучувал ова повеќе од една деценија и тој смета дека го пронашол одговорот во нешто што се нарекува Теорија на поврзување.

„Многу луѓе долго време шпекулираат дека мора да постои основен принцип на дизајн од кој интелигенцијата потекнува и мозокот се развива, како на пример што е двојната спирала на ДНК и како што генетските кодови се универзални за секој организам. Ние ги претставуваме доказите дека мозокот може да оперира врз основа на една едноставна математичка логика“, вели Д-р Цајн.

Теоријата на поврзувањето го покажува тој едноставен алгоритам, n=2i-1 кој може да се искористи за да се објасни кружењето на мозокот.

Во неодамнешен труд, Цајн и компанијата беа во можност да ја тестираат теоријата со тоа што на глувците им претставиле неколку различни стимули, додека ги снимале моделите на невроните кои биле испуштени како одговор. Резултатите ја потврдиле нивната хипотеза, а алгоритмот правилно го предвидел износот на нервните ткива кои се активирале при одговорот на даден стимул.

Резултатите од истражувањето на тимот ќе бидат одлични не само за невронауката туки и за вештачката интелигенција, каде принципите како овој би можеле да овозможат создавање на вештачки мозоци кои ќе бидат слични на нашите. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука