X
 09.12.2016 Образование

Правото над религијата: Девојчето од муслиманско семејство, мора да оди на часовите по пливање со своите врсници


Во овој судски спор пред пониските германски судови, семејството на 11-годишното девојче ја застапуваше тезата дека костимот за пливање го открива обликот на нејзиното тело што е спротивно на исламските закони.

Деца пливаат во базен

Германскиот Уставен суд во Карлсруе, во средата донесе пресуда против барањето на 11-годишно девојче од конзервативно муслиманско семејство и донесе одлука дека таа мора да ја посетува наставата по пливање со другите ученици и ученички од своето школо, на што се спротивставува нејзиното семејство сметајќи дека со тоа се кршат муслиманските закони за облекување, дури и кога се носи костим за пливање што го покрива целото тело.

Овој судски процес добил завиден медиумски простор во текот на јавните расправи што се водат низ цела Германија за улогата на исламот и речиси милион бегалци, главно муслимани, кои стигнаа во Германија благодарејќи на политиката на „отворени врати“ што ја заговараше германската канцеларка Ангела Меркел.

Но, и самата таа веќе прави определено свртување од својот став, откако во вторникот го промовираше предлогот за забрана за носење никаб, односно целосно покривање на лицето, што би можело и да се реализира по парламентарните избори следната година. Тогаш оваа пресуда би можела да биде од голема важност.

Во овој судски спор на пониските германски судови, семејството на 11-годишното девојче ја застапуваше тезата дека костимот за пливање што треба да го носи нивната ќерка на часовите по пливање, го открива обликот на нејзиното тело, што е спротивно на законите на исламот. Но, Уставниот суд утврди дека и пониските судови ја побиле таа теза, откривајќи дека „во исламот нема обврзувачки правила“ кои дефинираат која облека е соодветна а која не.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование